Villa Apartments B&D

Ohrid
Цена од:

4,920.00 ден

Викендица за изнајмување со 1500м2 зелен двор. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Check In : 11:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цените се движат од 45 до 65 евра
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Цена за наем на викендицата за 4 лица од ноќ
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Викендицата се наоѓа во околината на Велгошти. На 3 километри од центарот на Охрид и на 1 километар од автобуска постојка.

Објектот располага со 2 соби од кои една дневна спална и една дневна соба. Во спалната има брачен кревет за 2 лица, а во дневната има исто така кревет на развлекување на кој може да спијат 2 лица.

Вилата располага со Wi-Fi, паркинг и голем тревен двор од 1500 м2.

Вилата има кујна која е целосно опремена со фрижидер, електричен шпорет, микровална, аспиратор.

Максималниот капацитет во вилата е за 4 лица.

Check in: 11:00 часот
Check out: 10:00 часот

Клучот се подига од сопственикот.

Постелнината и пешкирите се менуваат еднаш неделно.

Во близина има планина и убави места од каде се гледа Охрид.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за остава на велосипеди.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување