Хотел Белведере: Охрид, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Белведере: Охрид, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Белведере е хотел со 4 ѕвезди, сместен во мирната населба Свети Стефан, на само 100 метри од брегот на Охридското Езеро.
Локацијата е идеална за гости кои бараат мирен престој, во близина на езерото, но сепак на неколку минути возење од центарот на Охрид.
Хотелот располага со 89 модерно уредени соби, од кои дел имаат поглед кон езерото или планината.
Секоја соба е опремена со телевизор, мини бар, телефон, бања со туш кабина, фен за коса и бесплатен Wi-Fi интернет. Во понудата се вклучени еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби, како и апартмани.
Гостите можат да уживаат во пространиот ресторан со капацитет од 200 места, кој нуди богато мени со традиционална и интернационална кујна. Во склоп на хотелот има и лоби бар, како и уредена летна тераса опкружена со зеленило, идеална за релаксација во летниот период.
Од другите погодности, хотелот нуди сала за конференции и настани, 24-часовна рецепција, бесплатен Wi-Fi во целиот објект и простор за одмор со пијано музика.
Хотелот располага со сопствен бесплатен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Check-in: 14:00
Check-out: 11:00
ЛОКАЦИЈА