СУПЕР ДОМАЌИН

Вила и винарија „Мал Св.Климент“

Ohrid
Цена од:

3,300.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените се движат од 3.330 денари до 6.780 денари за ноќевање на 2 лица
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместување во вила и винарија „Мал Св.Климент“. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 32
Кревети : 32
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Wi-Fi

Локација

Вила и винарија „Мал Св. Климент“ се наоѓа во срцето на стариот дел на Охрид, во пешачка зона.

Сместувачки капацитет

Вилата располага со 16 соби, од кои:

  • 15 соби со два единечни кревети
  • 1 соба со брачен кревет

Максималниот капацитет на сместувањето е 32 гости.

Опременост на собите

Сите соби располагаат со:

  • телевизор
  • DVD уред
  • клима-уред
  • подно греење
  • мини-бар
  • електричен бокал
  • шолји за кафе и чај
  • чаши за вода и вино
  • сеф
  • приватно купатило

Penthouse Suite

Penthouse Suite е единствената сместувачка единица која располага со посебна спална соба, дневна соба и целосно опремена кујна.

Кујната е опремена со електричен шпорет, аспиратор, машина за миење садови, мини-бар и електричен бокал.

Останатите соби не располагаат со кујна.

Интернет

Во сите соби и заеднички простории е достапен бесплатен Wi-Fi интернет.

Паркинг

Сместувањето не располага со приватен паркинг.

Во непосредна близина, кај пристаништето и градскиот плоштад, се наоѓа премиум зоната на јавниот паркинг. На улиците Партизанска и Димитар Влахов се наоѓа стандардната зона, каде што може да се купи дневен паркинг-билет.

Локација и околина

Вилата е сместена во тивка улица, во јадрото на стариот град, далеку од сообраќајниот метеж и градската бучава.

Соседството е мирно, а на само неколку минути пешачење се наоѓаат градскиот плоштад, Охридското Езеро, бројни кафетерии и ресторани.

Непосредно спроти вилата се наоѓа црквата „Мал Св. Климент“, која потекнува од XIV век.

Во близина се наоѓаат:

  • Античкиот театар
  • Црквата „Св. Софија“

Пријавување и одјавување

Check-in: од 14:00 до 20:00 часот.

Check-out: од 08:00 до 11:00 часот.

Клуч-картичките се подигаат на рецепцијата.

Дополнителни информации

  • За престој од седум или повеќе ноќевања се врши промена на постелнината и пешкирите.
  • Домашни миленици не се дозволени.
  • Обезбеден е простор за безбедно оставање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување