Кочански регион

Еуро хотел Градче

Еуро хотел Градче

Кочански регион Цена од:

1,450.00 ден

Хотелот се наоѓа на 6 километри северно од градот Кочани. Лоциран е на 550 метри надморска височина, која е уникатна местоположба за одмор и релаксација.

Вклучено во цена:

  • Цена по лице за двокреветна соба
  • Вклучен појадок
  • Wi-Fi
  • TV
  • Греење/Ладење
  • Топла вода
  • Паркинг
  • Активности
  • Деца до 5.99 години бесплатно, од 6-12 години 50%

Не e вклучено во цена:

  • Транспорт до хотелот
  • Ручек и вечера (Со доплата)

Хотелот се наоѓа на 6 километри северно од градот Кочани. Лоциран е на 550 метри надморска височина, која е уникатна местоположба за одмор и релаксација. Хотелот се наоѓа покрај езерото Градче, кое можете да го користите за кајакарење, возење велосипед, прошетки или џогирање, а може и пак риболов, во зависност од сезоната. 

Наш предлог за сите кои ќе престојувате во овој хотел е да одвоите од вашето време за активен одмор. Хотелот располага со велосипеди и кајаци, кои може да ги користите. Интересни се водопадите над самото езеро, кои задолжитлено треба да ги посетите. Имено, изградени се во  1958 година во функција на помошна брана за да спречи надоаѓање на водите од планината. Но, со текот на времето од надојдените гранки, камење и замја, почнала помошната брана да се полни со почва и лека полека се создал прекрасен водопад од дванаесетина метри. 

Хотелот располага со 24 соби од кои 3 се апартмани, ресторан, кафе бар, четири летни тераси, сопствен паркинг, мини зоо и катче за деца. 

Зошто нашиот тим ви препорачува задолжително да го посетите овој хотел?
Самото место шири спокој и мир. Боровата шума ги отвара градите, а погледот кон природата и езерото ги остава секојдневните проблеми настрана. 

Идејата да работиш во природата не било никогаш досега поатрактивна. Одличната место положба која нуди планинско пешачење, велосипедизам по планинаски патеки, прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.

Хотелот можете да го резервирате на: 071 222 655 или побарајте понуда на мејл [email protected]

Хотелот располага со: 

·       21 соба (13 двокреветни и 8 двокреветни соби со помошен кревет) со тераси

·       Собите се комплетно реновирани

·       Конференциска сала, погодна за семинари, презентации, проекции, изложби, предавања, co-working space

·       Ресторан – капацитет 420 места

·       Мал ресторан – капацитет 90 места – погоден за бизнис состаноци и мини коктели

·       3 апартмани

·       летна тераса со поглед на езерото

·       интернет

·       приватен бесплатен паркинг

·       мини зоо

·       кајаци

·       велосипеди

Активности:

·       пешачење (до водопадите, околу езерото)

·       кајакарење

·       велосипедизам

·       риболов


За индивидуални патувања препорачуваме “ноќевање со појадок”

Остави Коментар