Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Планинска вила во густата пехчевска шума близу водопадите

Pehchevo
Цена од:

3,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила
  • Цената варира во зависност од периодот
  • Греење/Ладење
  • ТВ
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна
  • Wi-Fi

Вилата се наоѓа на 10 км, од Пехчево према изворите на река Брегалница. Има 2 спални со брачни кревети. Во едната има плус помошен лежај, во едната има детско креветче. Во дневниот престој имаме 5-то сед кој се прави на спална. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 8
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Кујната е надвор. Има  скара, фурна, шпорет на дрва и плинско решо.

Вилата има Wi-Fi.

Сместувањето има клима уред за греење и ладење.

Сместувањето има паркинг.

Капацитетот е за од 7 до 8 лица.

Прекрасно опкружување со букова и борова шума и одвоеност од другите викендици.

Во околината има при водопади со уредени локации, велосипедска патека, амбиент во кој душата навистина одмара, простор за пешачење.

Пределот е шумски, а околината ветува приватност на гостите.

Check in: 14:00 часот

Check out: 12:00 часот.

Гостите ги пречекува и сместува домаќинот.

Доколку гостите останат повеќе од 7 дена се менува постелнината и пешкирите.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ivona Shalamanova

    09.11.2024 21:54

    Begstvo od sekojdnevieto. Sopstvenicite se mnogu gostoljublivi. Opkoleni ste so preubava priroda, cist vozduh. Toplo katce za druzba so prijateli ili semejstvoto. Toplo go preporacuvam na site.

  • Горан Саздовски

    09.09.2024 20:59

    Прекрасно место кое вреди да се посети од секој аспект! Прекрасна природа, интимност и потокот кој жубори ќе ве привлече во секој поглед. Температура за 10 степени пониска од градските средини. За домаќините не треба да се штедат зборови...следна прилика пак

  • Aleksandra

    23.08.2024 17:28

    Многу несигурни газди! Внимавајте! ќе ви резервираат и после се менуваат работите!

  • Ivana Angelovsks

    24.06.2024 10:19

    Zdravo me iteresira dali e slobodno na 8 i 9 juli

  • Ивана

    24.04.2023 15:02

    Топло го препорачувам ова место на секој што сака да се тргне од секојдневието и да се одмори. Надвор од градот на многу мирно место, наоколу преубава природа мирно без никаква бука, се слуша само звукот од птиците и потокот што минува покрај колибата. Бевме пречекани со запален оган и пријатен амбиент, се беше чисто и уредно има се што може да ви биде потребно за престој. Местото е рај за душата. Се надевам дека набрзо повторно ќе имам прилика да го посетам.