СУПЕР ДОМАЌИН

Вила во Крушево идеална за цело друштво

Krushevo
Цена од:

2,400.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената се движи од 2.400 денари за едно ноќевање за двајца
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместување во Крушево. Студио, апартман или цела вила можете да резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете одговор со вкупна цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и домаќините.


Макс. Капацитет : 25
Кревети : 25
Check In : 11:00
Check Out : 10:30
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вилата располага со капацитет за 25 лица и е идеално сместување за поголеми групи, семејства или друштва кои сакаат да престојуваат заедно. Објектот располага со 6 студиа и 1 апартман, а се наоѓа на одлична локација, на само 300 метри од жичарницата и на околу 15 минути пешачење од Спомен-куќата на Тоше Проески.

Сместување

Секое студио и апартман располага со:

  • Мини кујна
  • Приватно купатило
  • Тераса
  • Телевизор
  • Интернет

Распоред на сместувачките единици:

  • 2 студиа на поткровје – трикреветни:
    Располагаат со брачен кревет и фотелја на развлекување.
  • 1 студио на поткровје – двокреветно:
    Располага со еден брачен кревет.
  • 3 студиа на прв кат – до 4 лица:
    Располагаат со брачен кревет, единечен кревет и фотелја на развлекување.
  • Апартман на приземје:
    Располага со брачен кревет, два единечни кревети и дополнителен кревет.

Покрај индивидуалните кујни во студијата и апартманот, вилата располага и со заедничка кујна и дневна соба на приземје, погодни за дружење на поголеми групи.

Содржини и опременост:

  • Бесплатен Wi-Fi
  • Приватен бесплатен паркинг пред и околу вилата
  • Простор за оставање велосипеди

Локација и околина

Вилата се наоѓа во мирно соседство, а во непосредна близина има:

  • Парк
  • Кафеани
  • Пицерии
  • Градски пазар

Жичарницата се наоѓа на само 300 метри од вилата.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: од 11:00 часот
  • Check-out: до 10:30 часот

Клучот се подига директно од домаќините.

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена или по потреба.

Дополнителни информации

  • Домашни миленици не се дозволени.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ema Ivanova

    27.01.2026 14:15

  • Aneta Ristovska

    23.11.2025 06:04

    Ubava kukja, ljubezni domakjini.

  • ИЛИЈА СИМЈАНОСКИ

    03.08.2024 12:12

    Многу места сме посетиле, но ова е без дилема едно од најубавите.Љубезни домаќини кој ве прифаќаат како да сте дел од нивната фамилија.Чисто и отмено. Апартманите поседуваат се што е потребно за идиличен престој.Кој сака да ужива без дилема треба да го одбере ова ова местото.Со сигурност ние повторно ќе го одбереме. Искрена препорака

  • Anita Urdovska

    10.02.2025 18:39

    Sakam da rezerviram za 24 I 25 February za 4 vozrasni

  • Silvana Petrov

    03.01.2025 07:32

    Petok .sabota 2cvozrsni 2 deca

  • Весна Наумовска

    01.12.2024 18:41

    Здраво да прашам за 5 ноќевања од 13 .01.2025 година кза двајца возрасни и две деца едно 5 год друго 9 години колку е смештајот? Поздрав,Весна

  • Marina Stefanova

    25.01.2024 15:43

    Ke ve molam Cena za dve nokjevanja,dvajca vozrasni I edno dete 4 god. Od 26 januari do 28 januari

Разгледајте повеќе сместувања