СУПЕР ДОМАЌИН

Вила во Пештани со поглед кон езеро

Ohrid
Цена од:

4,670.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на апартман за 2 лица за едно ноќевање со појадок од 4.670 денари
  • Цената варира во зависност од периодот
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Сместување во Пештани. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 32
Кревети : 32
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух
Гастрономско

Сместување

Објектот располага со 10 двокреветни апартмани и 3 апартмани 2+2, со модерен ентериер и пријатна атмосфера.

Креветите се поединечни хотелски кревети со можност за спојување и одвојување, во зависност од потребите на гостите.

Опременост на апартманите

Секој апартман располага со:

  • греење и ладење
  • минибар
  • телевизор
  • Wi-Fi
  • сопствено купатило

Напомена: Апартманите немаат кујна.

Во цената на престојот е вклучен појадок.

Локација и околина

Објектот е опкружен со шума и природа, додека предниот дел нуди прекрасен поглед кон езерото. Современото уредување на вилата, во комбинација со природното опкружување, овозможува пријатен и релаксирачки престој.

Содржини и удобности

На гостите им се достапни:

  • приватен паркинг
  • Wi-Fi
  • простор за оставање велосипеди
  • појадок вклучен во цената

Пријавување и одјавување

Check-in: од 13:00 до 23:59 часот
Check-out: до 11:00 часот

Клучот гостите го подигаат на рецепција.

Постелнина и пешкири

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена.

Домашни миленици

Сместувањето не дозволува престој на домашни миленици.

Политика на резервација и уплата

Доплатата за резервацијата се врши најдоцна 10 дена пред пристигнувањето, со онлајн уплата на капар и депозит кај домаќините.

Доколку резервацијата е направена помалку од 10 дена пред пристигнувањето, целосната доплата се врши веднаш при самата резервација.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Viktorija miteva

    01.07.2024 17:30

    Dali imate slobodno od 2 avhust do 4 ti avgust za 4 osobi 2 sobi