Скај Корнер Хотел: Охрид, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Скај Корнер Хотел: Охрид, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Скај Корнер Хотел е сместен во центарот на Охрид, на 250 метри од брегот на Охридското езеро.
Главна атракција на хотелот е Скај барот на покривот, кој овозможува прекрасен поглед на градот. Таму може да уживате во најдобрите коктели и кафиња.
Хотелот располага со следниот тип на соби:
1. Двокреветна соба
2. Голема двокреветна соба
3. Делукс двокреветна соба
4. Двокреветна соба со поглед
Сите соби се модерно опремени со нов, елегантен мебел, ТВ, повеќе од 100 достапни ТВ канали, бесплатен Wi-Fi, сопствена бања, бесплатни тоалетни производи, фен за коса.
Рецепцијата е на располагање 24/7.
Check-in: 14:00-23:30
Check-out: 08:00-11:00
Во склоп на хотелот има ресторан и Скај бар, каде може да уживате во многу деликатеси подготвени од врвни кулинарски шефови и коктел мајстори.
Француската слаткарница отворена од француски готвач со меѓународно искуство е дел од хотелот па може да ги пробате разните слатки кои се дел од менито во ресторанот.
Уште една голема придобивка од престојот во овој хотел е Салонот за убавина кој нуди услуги како маникир, педикир, фризер, шминка и различни типови на масажи.
Паркингот е бесплатен и обезбеден од хотелот.
Домашни миленици не се дозволени.
ЛОКАЦИЈА