Хотел Тино: Охрид (Во градот)

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Хотел Тино, Охрид. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Макс. Капацитет : 60
Кревети : 60
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Wi-Fi
Чист Воздух

Хотел Тино е сместен во центарот на градот Охрид, во непосредна близина на Охридско езеро, со поглед кон стариот град.

Располага со 29 соби, нова зграда со 23 соби и модерен спа центар. Веднаш до главната зграда се наоѓа и Вила Тино и паб. Во 2015 година е отворен и Хотел Тино Св.Стефан, лоциран во Св.Стефан – Охрид.

Соби со кои располага хотелот:

Еднокреветна соба

Климатизирана соба со ТВ, минибар и телефон. Приватна бања обезбедува туш и фен.

Во цената на сместувањето е вклучен паркинг, Wi-Fi, Спа центар (џакузи, сауна и парна бања)

Двокреветна соба

Може да биде со еден брачен кревет или 2 посебни единечни кревети

Двокреветна соба со поглед кон езеро

Двокреветна соба која нуди прекрасен поглед на езерото. Може да биде со еден брачен кревет или 2 посебни единечни кревети

Трокреветна соба

Најчесто е со еден брачен и еден единечен кревет.

Стан – Хотелски апартман

Располага со една спална соба, дневна соба и поглед кон езеро. Максимален капацитет е за три гости.

Пентхаус

Се состои од дневна соба, посебна спална соба, две бањи со туш. Тераса, минибар, тв. Во пентхаусот има два кревети.

Check-in: 14:00

Check-out: 11:00

Во склоп на хотелот има ресторан, во кој гостите можат да уживаат во врвни кулинарски вкусови.

Спа центарот се состои од топла када, сауна и парна бања.

Во околината на хотелот е центарот на градот а на само 10-минути пеш се наоѓа и стариот град кој е познат по многу историски атракции.

Доколку не знаете што точно да одберете и од каде да почнете, погледнете ја базата на кајак.мк и испратете барање за соодветната атракција.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување