Макпетрол Хотел - Струга, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Макпетрол Хотел - Струга, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Макпетрол Хотел со четири ѕвезди е лоциран на локалниот пат Струга - село Радожда. Во близина на хотелот се наоѓа познатиот манастир Св.Богородица во село Калишта. Хотелот е сместен помеѓу планинско подрачје и Охридското езеро.
Хотел Макпетрол располага со следниот тип на соби:
1. Стандардна соба
Располага со два единечни кревети со можност за спојување. Капацитетот е 1-3 лица.
2. Студио
Располага со две единечни кревети со можност за спојување, расклоплива софа. Капацитет 1-3 лица.
3. Апартман
Располага со спална соба (француски лежај), софа на развлекување. Капацитет 1-3 лица.
Сите соби се модерно и елегантно уредени со сопствена бања со туш, тоалетни производи, пешкири, фен за коса, тв, тв канали, софа, гардеробер, бесплатен интернет. Собите имаат балкон и прекрасен поглед кон езеро, зеленило, базен.
Во склоп на Хотел Макпетрол има прекрасна сончева тераса, ресторан за врвни кулинарски искуства, бар.
Надворешен базен со лежалки.
Огромен зелен простор за прошетки и игри и забава за најмалите посетители.
Хотелот исто така располага со конференциска сала.
Бесплатен приватен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Рецепцијата е достапна 24/7.
Check-in: 14:00-12:00
Check-out: 12:00-12:00
ЛОКАЦИЈА