НОВО

Macedonian Ann - Хотел во етно комплекс Македонско село

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Хотелот Македонски Ан ви нуди автентично искуство со традиционална македонска планинска архитектура, топол дрвен ентериер и рачно изработени детали, создавајќи мирен амбиент за вистински одмор во срцето на традицијата. Овој хотел може да се резервира преку kajak.mk само за групи од над 20 лица. Доколку сте заинтересирани за групна резервација, ве молиме испратете барање со прецизно наведени датуми, број на гости и типови на соби што ви се потребни. Врз основа на вашето барање, ќе ви подготвиме персонализирана понуда во согласност со достапноста и условите на хотелот. Во случај хотелот да не располага со доволен капацитет за посочениот период, ќе добиете навремен одговор. Индивидуални резервации не се прифаќаат и ќе бидат автоматски откажани.


Check In : 14:00
Check Out : 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Изолирано
Несекојдневно
Гастрономско

Хотелот Македонски Ан нуди едно посебно искуство кое црпи инспирација од македонската планинска архитектура и традиција. Со топол дрвен дизајн, рачно изработени елементи и мирна атмосфера, престојот овде ви подарува вистински одмор во срцето на македонската традиција.

Од калдрмисаните улици и старите камени куќи, преку вкусната македонска кујна и посебниот амбиент во хотелските соби – секоја фотографија ја пренесува приказната за едно различно, заборавено време.

Хотелот располага со: 

1. Еднокреветни соби

2. Делукс соба

3. Супериор двокреветна соба

Собите се со рачно изработени дрвени елементи, везени детали, рачни ткаенини, инспирирани од македонската архитектура. 

Хотелот е спој на елегантно и модерно со традиционални елементи.

Во самиот комплекс кој всушност е одлика на македонско село, има ресторан со македонски традиционални јадења, етно бар, винотека и продавници за сувенири.

Хотел Macedonian Ann е совршено место за домашни и странски посетители и сите кои сакаат за момент да го доживеат вистинското македонско наследство.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување