Лето во Сивири, Грција: 2024: Хотел Калипсо

Grcija
Цена од:

8,618.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Вклучено во цена:

  • 7 ноќевања (наем) со појадок (шведска маса)
  • Користење на хотелските знаменитости: рецепција, отворен базен, детски базен, лежалки и чадори покрај базен, сала за појадок, Wi-Fi интернет

Не е вклучено во цена:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Можност за доплата за ручек и вечера во ресторанот на хотелот
  • Пијалоци во барот покрај базенот
  • Превоз за возрасен повратен билет 50 еур / 40 еур во еден правец
  • Превоз за дете до 11.99год. повратен билет 40Еур / 30 еур во еден правец
  • Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно

Хотел Калипсо во Сивири, Грција за лето 2024 можете да го резервирате на термини. Погледнете ги сите термини со цени во опис. За резервација можете да испратите барање преку формуларто, да резервирате преку вибер порака или дирекно он-лајн со уплата.


Макс. Капацитет : 50
Кревети : 50
Check In : 14:00
Check Out : 09:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Сивири е едно од многубројните туристички селца кои се наоѓаат на првиот крак, Касандра. Поставено на западната страна на кракот, покрај преубавите борови шуми, Сивири нуди повеќе песочни и плитки плажи, и секако едно прекрасно зајдисонце и поглед кон планината на боговите, Олимп. Во близината на Сивири, се наоѓа и античкиот амфитеатар, кој во текот на летните месеци се користи за концерти на познати пејачи од Грција и од Балканот. Сивири е место каде што имате и голем маркет, неколку таверни и секако кафулиња кои се поставени токму на преубавата песочна плажа.

ЕТА во свој сопствен закуп го има три ѕвездениот хотел Калипсо, во кој можете да резервирате одмор од 7 ноќевања со вклучен појадок или да споите два термини со 14 ноќевања. Доколку сакате да го резервирате хотелот отворете го нашиот веб-сајт ескејптравел.мк, отворете го хотелот, кликнете на терминот кој ви одговара, доколку ви пишува РЕЗЕРВИРАЈ тоа значи дека има слободни соби, кликнете на собата која ви одговара, селектирајте дали со вас има деца, пополнете ги податоците (доколку пасошите ви се во изработка, вметнете го стариот број на пасош, а новиот ќе ни го кажете дополнително), селектирајте дали сакате да уплатите целосно или само 30% депозит.

Дали знаете дека доколку уплатите он-лајн вие ќе добиете дополнителен попуст при самата уплата. Поефтино е да уплатите он-лајн отколку да не посетите во нашите продажни канцеларии? А дали знаете зошто? Затоа што ЕТА сака да ви заштеди на време, да избегнете гужва низ градот, а се стремиме кон тоа и да заштедиме харија и енергија.

Хотел Calypso е поставен во мирно опкружвање со борова шума, во селцето Сивири, на првиот крак на Халкидики, Касандра. Од најблиската плажа е оддалечен 7 минути пешачење, додека центарот на селото каде гостите ќе најдат бројни туристички содржини е на 600 метри оддалеченост. Хотелот располага со 22 соби, секоја од собите е опремена со тоалет со туш, клима уред, мини фрижидер, сателитска телевизија, фен, сеф и балкон со гарнитура за седење.

Хотелот Калипсо во Сивири, Грција е на прво место меѓу сместувањата во Сивири. Локацијата е оценета со 4.7 од 5, чистотата со 5.0, услугата со 4.2 и вредноста за парите докажува дека вреди да уплатите за одмор во хотелот. Хотелот нуди различни удобности вклучувајќи активности за деца и семејства.

Хотелот има свој приватен базен покрај кој можете да уживате во ноќните часови со вашите најблиски.

Навечер Сивири е раздвижано со семејства со мали деца. Има активности и игри за деца, има доста таверни на самото крајбрежје каде се подготвува морска храна, имате многу места за брза храна како што е грчкото гиро, слаткарници, места за сладолед и мноу друго.

Сивири има прекрасна шума, за оние кои се авантуристи може да прошетат пеш од Сивири до капелата на Свети Анаргиори, каде имате поглед кој ќе ве остави без зборови. Пешачењето е половина час во еден правец, а овде исто така ви се наоѓа прекрасната скриена плажа Св. Никола која им ја препорачуваме на луѓето авантуристи.

Сивири е познато и поради Фестивалот на Касандра, кој се одржува секој јули и август во големиот амфитеатар надвор од селото. Во Сивири има голем супермаркет за вашите секодневни потреби, барови на плажа, кафулиња и таверни со свежа риба.

Доколку појдете на одмор со автомобил ви препорачуваме да ја посетите Mola Kaliva која е оддалечена на 15 минути со автомобил од Сивири, прекрасна локација на која можете да вечерате со прекрасно зајдисонце.

Важно

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Доплата за туристичка такса 1.5 еур по студио/апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра ЗА НАЕМ, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Кога се цените ПРОМО за уплата на два последователни термини, се рачунат две промо цени.
-За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
-За ова патување важат општите услови на Т. А. Ескејп Травел

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување