Хотел Молика, Пелистер: Битола, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Молика, Пелистер: Битола, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Молика е сместен на Баба планина, во срцето на Националниот Парк Пелистер. Три ѕвезден хотел, чија локација нуди прекрасен поглед кон Битола и Пелагониската котлина. Сместен е на 1420 метри надморска височина.
Располага со 57 соби од кои:
- три апартмани
- три трокреветни
- двокреветни соби
- двокреветни соби со детски лежај
- соби со француски лежај
Собите се модерно опремени со ТВ со рамен екран, кабелски канали, телефон, сопствена бања, бесплатни тоалетни производи, фен. Бесплатен Wi-Fi во сите области на хотелот.
Во хотелот има ресторан со капацитет за 170 седишта, каде може да уживате во вкусен појадок.
Хотел Молика е совршен за бизнис патувања со две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници.
Во потоплите летни денови може да се ужива на летната тераса на хотелот која има капацитет за 80 гости.
Хотелот располага со библиотека, шах, карти, видеотека, детско катче, просторија за чување на ски опрема.
Во рамките на Хотел Молика, љубителите на зимските спортови ќе го пронајдат идеалното место за авантуристички предизвици – Скијачкиот центар Копанки.
Располага со една двоседна жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки, овозможувајќи брз и ефикасен пристап до патеките. Вкупната должина на жичарата и ски-лифтот изнесува 1326 метри, со капацитет од 1133 скијачи на час, што го прави овој центар пријатен за сите кои сакаат активно да уживаат во снежните авантури без преголеми гужви. Вкупната должина на патеките изнесува 1341 метар, со површина од 53.640 м².
За љубителите на авантурата, околината нуди бескрајни можности за скијање, планинарење и велосипедизам. Во самиот хотел, гостите можат да изнајмат ски опрема и да уживаат во зимските спортови.
Хотелот има бесплатен паркинг.
Не е дозволен влез на домашни миленици.
Рецепцијата е достапна 24/7.
Check-in: 13:00-00:00
Check-out: 11:00
ЛОКАЦИЈА