Хотел Инекс Олгица: Охрид, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Инекс Олгица: Охрид, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Инекс Олгица е сместен на самиот брег на Охридското езеро, на само 4км од центарот на градот и 12км од Охридскиот аеродром, што го прави идеална дестинација за нашите патувачи. Уникатен хотел со половина век историја.
Расолага со 117 елегантно уредени соби, вклучувајќи:
- Двокреветни соби со поглед на езеро или планина
- Трокреветни соби
- 6 Junior апартмани
- 2 претседателски апартмани
Сите соби се климатизирани и опремени со мини бар, кабловска телевизија и бесплатен Wi-Fi.
Гостите можат да уживаат во ресторанот на хотелот, кој нуди разновидни специјалитети, како и во аперитив барот и Sunset барот со прекрасен поглед на езерото.
Хотелот располага со сопствена плажа, базен, фитнес центар и спа услуги, вклучувајќи сауна и масажа.
Check-in: 14:00
Check-out: 11:00
Хотелот располага со приватен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени во хотелот.
Во близина на хотелот се наоѓаат бројни атракции, како што се манастирот Св. Наум, стариот град Охрид и националниот парк Галичица, кои нудат можности за разгледување и рекреација.
ЛОКАЦИЈА