Вила на сама плажа: Охридско езеро
10,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на целиот објект кој се издава како еден апартман со приватен двор и пристап на плажа 7.000-16.000 денари за едно ноќевање
- Сместувањето се издава на минимум 2 ноќевања
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
- Кајаци
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините. 40% од вкупната сума се плаќаат најдоцна 4 недели пред пристигнување.
Вила покрај Охридското Езеро
Вилата се наоѓа на прекрасна локација со директен пристап до плажа и прекрасен поглед кон езерото. Сместена е во мирна викенд населба, само 5 минути возење од градот Охрид.
Сместување
Вилата располага со:
- 1 спална соба со брачен кревет
- 1 дневна соба со софа на развлекување за 2 лица
- дополнителна софа за 1 лице
Максимален капацитет: 5 гости
Вилата е целосно опремена и располага со:
- кујна
- голема трпезариска маса на покриена тераса, заштитена од дожд
- бесплатен Wi-Fi
- приватен паркинг
Кујната е опремена со:
- голем фрижидер
- машина за кафе
- тостер
- електричен бокал
- шпорет
- комплетен прибор за готвење и јадење
(Во кујната нема рерна, машина за садови и микробранова печка.)
Локација и активности
Гостите имаат директен пристап до плажа и можат да користат:
- бесплатни лежалки
- кајаци за истражување на брегот
- прекрасен поглед и мирна околина
Соседството е составено од викендички, што овозможува пријатен и релаксирачки престој.
Информации за престојот
- Check-in: од 14:00 до 23:00 часот
- Check-out: до 10:00 часот
- Сопствениците ги пречекуваат гостите, ги предаваат клучевите и ги запознаваат со вилата и околината.
- Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 4-5 дена.
Дополнителни информации
- Домашни миленици не се дозволени поради лесниот пристап до дворовите на соседните објекти и тешкото одржување на плажата.
- Обезбеден е простор за оставање велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Елена Станојевска
11.07.2024 12:14
Здраво, Дали вилата е слободна сега од сабота 13.07.до среда 17.07.2024. Ние сме тројца возрасни, со две деца од кое едното бебе 6 месеци. Ви благодарам на одговорот
-
Stojmenova Marija
04.07.2024 16:18
Bi sakale da bukirame od 14 do 18 juli Ama nie sme 6 dusi so 2 deca,ednoto dete e 7 godinki dali moze da ja bukirame taka? Fala vi odnapred