Охридски регион

Апартмани Башкоски: Пештани

Апартмани Башкоски: Пештани

Охридски регион Цена од:

2,152.00 ден

Разговарај на Viber

Апартмани во Охрид

Вклучено во цена:

  • Најниска цена од ноќевање за 2 лица
  • Цена за 2 лица од студио е 45 евра
  • Двособен апартман од ноќ е 45 евра
  • Греење/Ладење
  • Паркинг
  • ТВ/Wi-Fi
  • Приватен базен

Не e вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани Башкоски се наоѓаат во Пештани на ул. „Наум Охридски“.

Објектот располага со 15 соби од кои 12 се двокреветни 6 се со поединечни 6 со брачни кревети.

Две се студија од по 40 м2 со брачен кревет и софа на спуштање 2+2, двајца возрасни и две деца до 14 години.

Еден двособен апартман 50 м2, со посебна спална, кујна трпезарија и две тераси, една со поглед на езеро една према планина!

Сите соби се централно климатизирани со најнов систем за ладење и греење со најмодерни фенкојлери, поврзани со централа со паметна технологија, мини фрижидер, бокал за топла вода! Студијата се опремени со мини кујна, со умивалник, фрижидер, бокал за топла вода, микро печка и сервис за јадење за 4-ти лица.

Ви-Фи има во сите зони на објектот.

Двособниот апартман има комплет опремена кујна со керамичка плотна и со сервис за јадење за 4-ти лица.

Располага со приватен паркинг 24 часовно обезбеден со најсовремен систем на камери со детекција на движење.

Максималниот капацитет е 38 лица. Не е дозволено влез на домашни миленичиња.

Вилата има простор за чување на велосипеди.

Во околина има прекрасни планински патеки за качување и планински велосипедизам, најубавите плажи, најубавиот дел на Охридскито езеро, прекрасни ресторани со Национална храна, градот на вода и најубавите нуркачки локации!

Клучот односно картичката за влез ја дава некој од моето семејство!

Собите се проверуваат секој ден, Пешкирите се менуваат штом се најдат на земја зошто при сместување ги известуваме нашите клиенти да ги оставаат на земја секогаш кога ќе треба да се заменат, ако треба и секој ден! Постелнина се менува на три дена, ако сакаат клиентите и побрзо!

 

 

Двокреветните се 35 евра од вечер, студијата 45 Евра од вечер, двособниот апартман кошта 45 Евра од вечер

Сместувањето е после 12:00 часот

Одјавувањето е во 11:00 часот

 

КОНТАКТ: 077601601-Дарко Башоски

[email protected]

Остави Коментар

Коментари

  • Irena Milanovska

    23.07.2021 12:02

    Здраво Сакам да прашам дали имате слободни соби за период од 31 јули до 5 август. Ни требаат две соби за двајца и една соба за еден. И колко е цената. Благодарам однапред

  • Dalibor Apostolovski

    15.07.2021 16:22

    Zdravo Me interesira dali ima slobodno mesto za 31Jul-2Avg