Викендица во село Рамне, на 900 метри надморска височина

Ohrid
Цена од:

1,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Минимална цена за наем на апартман од ноќ
  • Максималната цена може да варира во зависност од апартманот (се издава цела или по апартмани), периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi
  • ТВ
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Викендицата се наоѓа во село Рамне на 4 километри од центарот на Охрид на 900 метри надморска височина со прекрасен поглед кон градот. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 10
Кревети : 10
Pet Friendly
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Одлична можност за бегство од градскиот метеж. 

Викендицата се наоѓа во село Рамне, на 4 километри од центарот на Охрид, на 900 метри надморска височина, а со прекрасен поглед на Охрид и Охридското езеро.

Викендицата располага со 3 засебни апартмани, сите апартмани имаат засебно купатило и заедничка машина за перење веш, видиковец и скара. 
Апартман 1 (на прв спрат) кој располага со спална соба, дневна соба со мини кујна, 2 каучи на спуштање и огромна тераса со незаменлив поглед кон Охрид и Охридското езеро. Максимален капацитет на овој апартман е 6 лица. 

Апартман 2 е на приземје и располага со, голема кујна, дневна соба со 2 каучи на спуштање и огромна тераса со поглед. Максимален капацитет 4 лица.

Апартман 3 располага со дневна соба со кујна и кауч на спуштање. Овој апартман е прилагоден и со пристап за лице со инвалидска количка. Максимален капацитет е за 3 лица.

Сите апартмани се комплетно опремени, климатизирани, имаат Wi-Fi, ТВ и обезбеден приватен паркинг.

Викендицата е во мирна област, опколена со зеленило, видиковец и надворешна скара која можат да ја користат сите посетители.

Објектот има wi-fi.

Викендицата има приватен паркинг.

Максимален капацитет во цела вила е до 10 лица.

Сместувањето се наоѓа во планинска област.

Check in: Флексибилно
Check out: 11:00 часот

Постелнините се менуваат еднаш неделно, но во вилата има и перална за алишта.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици, за што се доплаќа, а исто така може да се внесат и велосипеди.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Natka Najdovska

    28.07.2024 19:40

    Zdravo. Dali moze telefonski broj da se slusneme za vilata nesto ne ni e jasno da prasame nie sme 6 vozrasni, 4 deca(11 God, 10 God, 9 God I 3 god)