Апартман во срцето на Охрид со поглед кон старит град
4,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за 2 лица во сместувањето 4,500.00 ден
- Цена за 3 лица во сместувањето 4,800.00 ден
- Цена за 5 лица во сместувањето 5,000.00 ден
- Цена за 7 лица во сместувањето 5,500.00 ден
- Цените се движат по наем на апартмани и варираат во зависност од периодот, бројот на луѓе и слично.
- Цената може да биде повисока во ек на сезона
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартман во срцето на Охрид со прекрасен поглед. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Апартманот располага со две соби дневна и спална, спалната има брачен кревет и уште три единечни кревети, дневната соба има софа на пуштање каде комотно можат да спијат уште двајца.
Има приватно паркинг место, брз интернет, телевизија со 1000
канали, тераса, машина за перење, опремена кујна, пешкири по еден мал и еден
голем за секој гостин, големи шкафови за алишта во спалните соби, маса за
јадење, масички и столчиња на терасите, мали шкафчиња до креветите, фрижидер со
замрзнувач и слично.
Да има кујна и кујната е максимално опремена со
ножеви,вилушки,лажици, чинии, микровална, електрично гезве, фрижидер и
замрзнувач, тостер и слично.
Има брз Wi-fi 1000mps
Има јавен паркинг позади зградата.
Максималниот капацитет на гости е за 7 лица.
Апартманот е во најстрогиот центар во Охрид во самата
чаршија и на 2 минути до Охридското езеро и стариот дел од градот како и
другите знаменитости. Покрај тоа тука се наоѓаат и сите кафичи, ресторани,
маркети и слично.
Во близина е езерото, бродовите, катамараните и сите
знаменитости се на чекор до апартманот.
Областа е најстрог центар на Охрид сама чаршија.
Соседството во зградата е доста пасивно, мирно и тивко и во
зградата живеат претежно постари луѓе, пензионери, а повеќето се иселени.
Check in:
15:00 часот
Check out:
11:00 часот
По желба на гостите тие одлучуваат дали сакаат некој да ги
пречека со клучевите или можат исто така сами да си влезат бидејќи има опција
за самостоен check in со помош на lockbox кој се наоѓа пред вратата од
апартманот и тука се наоѓаат клучевите.
На колку време се менува постелнината и пешкирите?
- Постелнината и пешкирите ги менуваме после секои гости, ако имаме подолга
резервација може во текот на смештајот да се донесат нови постелнини.
Локацијата е строг центар на Охрид, езерото е на 2 минути
пешки, стариот дел од градот на2 минути, Самуиловата Тврдина е на 5 минути
пешачење, Јован Канео црквата е на 10 минути пешки и слично.
Сместувањето дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето има простор за остава на велосипеди.
Вкупен број на кревети: 7 кревети.
Греењето е со клима во дневната соба и со панел или
вентилатор во спалните соби.
ЛОКАЦИЈА