Дрвена куќарка во овоштарник
4,920.00 ден
Вклучено во цена:
- Промотивна цена за домашни туристи од 80 еур до крајот на Јуни (Може и да се пролонгира.)
- Цената е од ноќевање за 4 лица
- Од Јули цената би била 100 еур, со тоа што за плажата може да се користат и air sofa- lazy bags.
- Минимум 2 ноќи престој, за повеќе од 3 ноќи следи дополнителен попуст.
- Wi-Fi/TV
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Куќарката се наоѓа помеѓу Кампот Љубаништа и манастирот Св.Наум.
Објектот располага со една
спална соба со брачен лежај, можност за дополнително легло за 2 лица
(моментално душек на надувување), дневна со целосно опремена кујна, купатило со
туш.
Спалната е со king size кревет, постелнини, плакар и фиоки.
Дневна со гарнитура за седење и маса за ручање, смарт телевизор со вграден
chrome cast и вклучен HBO Max account, камин. Кујна со целосен прибор,
фрижидер, шпорет, микробранова, електричен бокал... Целосно опремено купатило
со туш, фен, пешкири. Веранда со места за седење.
Објектот има
комплетно опремена кујна.
Објектот
располага со Wi-Fi. Има
сопствен приватен паркинг до самата куќарка.
Максималниот капацитет
е за 4 лица.
Дворот е уреден со
градина од рози. Во околината има овоштарник,
диви плажи и се наоѓа недалеку од
манастирот Св.Наум.
Куќарката е во целосна
изолација, нема галама во близина, тишина што ретко се пронаоѓа во Охрид.
Check in: По
14:00 часот, доколку е спремно може и порано.
Check out: 10:00 наутро, по барање доколку постои можност
може да се продолжи за неколку часа.
Клучот се подига
во самиот овоштарник при влегување кај првата куќарка од страна на сопствениците или
вработените.
Постелнината и пешкирите
се менуваат по барање, пешкири на најмалку 3 дена престој, постелнини на
7 дена.
Сместувањето дозволува влез на домашни миленици, препорачливо е кучињата да се на каиш додека се запознаат со кучињата на фармата.
Велосипеди може да се оставаат под настрешница или на веранда.
ЛОКАЦИЈА