Престојувајте во уникатна шато вила во село Орман

Ohrid
Цена од:

3,075.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените на двокреветните соби е 50 евра на ден, а на трокреветната соба е 70 евра.
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Овој модерен комплекс е сместено во с.Орман, на околу 2 км од Охрид. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Располага со 4 соби, од кои 3 се двокревети и 1 трокреветна. Две од собите се со брачни кревети со можност за разделување во единечни, а останатите две се со адаптирани кревети.

Секоја соба располага со соптвен тоалет со туш кабина, фен за коса, место за остава, клупа за багаж, наткасни маси , клуб масичка со фотелји.

Во посебно уреден простор надвор од собите има уредена кујна каде гостите можат да подготвуваат храна на плински горилици, скара на жар, гусани сачови и останата опрема и прибор. Во склоп на целината има затворен простор со маси и столови кои гостите можат да ги користат за доручек, ручек и вечера.

На имотот има WI-FI меѓутоа со оглед на местоположбата е со послаб квалитет. Во најскоро време се очекува операторите да поработат на подобрување на квалитетот на сигналот.

Приватен бесплатен паркинг има точно на имотот.

Максимален капацитет на гости е 9 лица.

Со оглед на непосредната близина на Охрид, гостите со кола, велосипед , па дури и со пешачење може да стигнат до многуте атракции на Охрид од историска и културна природа.

Сместувањето се наоѓа во рурална средина концепирана како агротуризам.

Check in: Гостите можат да се сместат во 13 часот, но со предходна најава и секако доколку има услови може да се сместат и порано.

Check out: Гостите се одјавуваат во 10 часот.

Клучот на гостите го дава сопственикот и членови на семејството.

Постелнините се менуваат редовно пред секое сместување, а за гостите кои остануваат подолго време на секои 4 дена.Пешкирите се менуваат по потреба.

Домашни миленици се дозволени на имотот, но не и во собите.

Смесувањето има простор за велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Nadica T.

    24.07.2023 11:02

    **Домашни миленици се дозволени на имотот, но не и во собите. Смешно е. Дали имате услови за милениците да се надвор?