Вила во дворче во Берово

Berovo
Цена од:

1,200.00 ден

Вклучено во цена:

  • Најниска цена за ноќевање за двокреветна соба со минумум две ноќевања
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Паркинг
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi
  • TV
  • Опремена кујна
  • Дегустација на шумски плодови

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вила во Берово. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 14
Кревети : 14
Check In : 14:00
Check Out : 12:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Куќата се наоѓа на влезот од Берово и на 1 км оддалеченост од центарот на градот.

Најблиската продавница е на 500м - 5 минути одење пеш.

Поголеми и поснабдени маркети се во центарот на Берово (Кит-Го и Пакет Маркет).

Куќата е на два спрата.

Максималнот капацитет на легла е 14, (4 трокреветни и 1 двокреветна соба). Собите  се опремени  со посебен тоалет, кабелска тв, wi-fi, пешкири, постелнина, фен, тоалетна, сапун, шампон.

Куќата има две целосно и комплетно опремени кујни со трпезарија и една заедничка просторија за дневен престој во домашна атмосфера, со интернет, кабелска телевизија и музички систем.

Паркингот е на самата  улицата пред куќата.

Куќата се наоѓа на крај на слепа улица, во мирна и не многу прометна средина.

Во соседството живеат мирни и гостопримливи соседи, жители на  Берово. 

За сместувањето е одговорна тетка Мира и за контакт и комуникација во врска со сместувањето. 

Влезот за домашни миленици е во договор со сопствениците.

 

- Влезот во собите е во текот на денот најдоцна до 21:00ч

- Напуштање на собите е најдоцна до 12:00ч, може и подоцна ако нема најава за следни гости

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување