СУПЕР ДОМАЌИН

Вила во Серменин на Кожуф планина

Gevgelija
Цена од:

1,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цел објект: 60,000.00 ден
  • Цена за 2 лица во сместувањето 1,500.00 ден
  • Цена за 3 лица во сместувањето 1,800.00 ден
  • Греење/Ладење
  • ТV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт
  • Храна

Сместувањето се наоѓа во село Серменин, на Кожуф планина на 18 километри од Гевгелија. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 27
Кревети : 20
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Етно куќата и ресторанот се наоѓаат во село Серменин, во подножјето на Кожуф Планина. Идеално место за одмор и релаксација, за активен туризам и уживање во природата.

Сместувањето има 7 соби и еден семеен апартман :1 двокреветна; 4 трокреветни, 2 четрикреветни и апартман е за пет лица. Има брачни и поединечни кревети како и троседи.

Собите се опремени со брачен или поединечни кревети, плакари, во некои од собите има троседи. Секоја соба има модерни тоалети опремени со пешкири, течен сапун, шампон.

Во четрикреветните соби има кујна но без уреди, може да се спрема храна за бебиња, бидејки во објектит има ресторан со традиционална храна, домашни сокови, вино по пристојни цени.

Сместувањето има Wi-Fi.

Сместувањето има приватен паркинг.

Максималниот капацитет е за 27 лица.

Објектот се наоѓа во планинското село Серменин на планината Кожуф.

Во близина е водопад Вера на реката Белица, манастир св.Илија, црква св.Горѓија, брана Конско, Кожуф планина

Сместувањето се наоѓа на мирна и тивка планинска локација која е воздушна бања поволна за лечење на бронхијални и асматични заболувања.

Соседството е мирно без бучаца, се слуша само пеењето на птиците, штурците и реклата.

Check in: 14:00 часот доколку предходниот ден има гости, а може и порано во договор со домаќините.

Check out: 10:00 часот ако наредниот ден има резервации, ако нема може да се користи во текот на денот.

Клучот се подига од домаќините.

Постелнината и пешкирите се менуваат на четвртиот ден од престојот.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици со доплата од 600 денари.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

Греењето е подно и парно греење/

Вкупен број на кревети: 20 кревети.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување