Уникатна вила во Маврово на самиот влез на туристичката населба
8,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената за наем на вилата се движи од 8.000 - 12.000 денари од ноќ
- Цената варира во зависност од бројот на лица, должината на престојот и периодот
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вила во Маврово можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна цена. Потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вила во Маврово – совршено место за одмор во планинска атмосфера
Вилата се наоѓа пред влезот во селото Маврово, веднаш по црквата „Св. Никола“, во мирна викенд-населба. Таа е одличен избор за семејства и групи пријатели кои сакаат да уживаат во природата и да се одморат од секојдневниот метеж.
Простор и капацитет
Вилата располага со дневен престој, трпезарија, целосно опремена кујна и три спални соби. Има капацитет за 9 до 10 гости, што ја прави погодна за поголеми семејства и друштва.
Во вилата има вкупно три брачни кревети, два кревети на извлекување, еден единечен кревет за возрасно лице и едно бебешко креветче.
Дневниот престој е опремен со телевизор, а кујната ги има потребните елементи за самостојно подготвување оброци.
Дополнителни погодности
На гостите им се достапни Wi-Fi, приватен паркинг и простор за оставање велосипеди. Престојот со домашни миленици е дозволен во одредени случаи, со претходен договор со сопственикот.
Информации за престојот
Пријавување (Check-in): 14:00–20:00 часот
Одјавување (Check-out): 08:00–10:00 часот
Подигнување на клучот: Од сопственикот
Промена на постелнина и пешкири: На секои 7 дена
Максимален капацитет: 9–10 гости
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Petar Stojanovic
03.05.2026 16:19
Odlicno mesto, prezadovolni sme 👌
-
bojana davidovik
24.12.2024 23:10
Dobro vecer. Bi sakale da rezervirame od 3 ti do 5ti Januari. Dali e slobodno? Ve molam za info.
-
Darko petrov
03.05.2024 21:38
Zdr Dali e slobodna vilata utre?