Модерна викендица во Маврово идеална за цело семејство

Mavrovo
Цена од:

9,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цел објект: 9,000.00 ден
  • Цена за 2 лица во сместувањето 9,000.00 ден
  • Вилата се изнајмува целосно
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 5
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Викендицата е еден вид на самостојна куќа со сопствен двор, летниковец, скара со фурна, поглед кон езеро, приватен плац без соседи од ниту една страна. Дневен претстој (софа на пуштање) две спални соби - едната со брачен лежај, втората со кревет на спрат за 2 деца

Собите се комплетно опремени со вградени плакари, наткасни, ТВ, големата родителска спална со тераса, дневниот престој со голема софа, фотелја, трпезариска маса за 6 лица, стаклен излог од две страни, поглед на Мавровско езеро

Кујната е комплетно опремена.

Вилата има Wi-Fi.

Вилата има приватен паркинг за 3 до 4 возила.

Максимален капацитет на гости е за 6 лица.

Во околината е Мавровско езеро, хотел Реј каде може да се користи базенот.

Околината нуди можности за скијање, планинарење, кајакарење, СУП даски на мавровско езеро, тури на Галичник.

Сместувањето се наоѓа во планинска област.

Соседството е исполнето со викендици.

Check in: 14:00 часот
Check out: 11:00 часот

Клучот се подига од одговорно лице за сместувањето.

Додека се гостите во сместувањето не се менува постелнината и пешкирите, а ако престојуваат повеќе од 5 ноќевања добиваат на располагање дополнителен пакет постелнина и пешкири.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди надвор.

Вкупен број на кревети: 5 кревети.

Греењето е на парно со палети и камин.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување