СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Пансион Кутмичевица: Вевчани

Vevchani
Цена од:

1,200.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена од лице за ноќевање со вклучен богат појадок
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

За да резервирате престој во пансион Кутмичевица, потребно е да испратите барање со селектирање на терминот и број на гости. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 10:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг

Пансион Кутмичевица се наоѓа во самата општина Вевчани, во горниот дел на селото што пружа прекрасен поглед кон околните планини, села, Охридското езеро, Струга и Охрид.Во склоп на ресторанот има две соби (со брачен и единечен кревет)
Секоја соба е опремена со: засебно wc, клима уред, TV, тераса, снабдени со пешкири согласно бројот на гости, дополнително во секој момент да се достават нови.


Во објектот има бесплатен паркинг за до 5 коли како и WIFI во сите простории.
Во близина на објектот (3-5 минути пешачење), се наоѓаат вевчанските извори, главната селска црква св. Никола како и центарот на општината.

Напомени

Влез во собите:
Доколку собите се слободни од претходно, гостите може да се сместат веднаш по нивното доаѓање, од 10 часот наутро до крај на работното време на ресторанот (може и после тоа со претходна најава)

Напуштање на соби:
Одјавувањето е вообичаено до 11 часот, доколку собите се слободни за после тоа, може да се продолжи одјавувањето до 13 часот 

Kлучот се подига на рецепција во ресторанот кој е во склоп на објектот.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Zlatko Simonovski

    21.07.2024 09:01

    Јас сум презадоволен од пансионот.Кога дојдов, собата беше изладена,чиста.Преубав поглед, персоналот е многу услужлив.Доручекот е навистина богат, тоа што се служи за еден е доволно за тројца. Јадењето е превкусно во ресторанот.Вреди да се посети, јас сигурно ќе дојдам повторно.

  • искра

    25.09.2024 14:00

    здраво, дали е дозволен престој со мало домашно куче?

  • Илија Гинов

    25.12.2023 07:20

    Почитувани, Дали цените се сеуште тие,или се други.Сакам да ве запрашам за информација дали може преноќиште за брачен пар. Со Почит, Илија

  • Irena Mackovski

    25.06.2022 00:18

    dali seuste se ovie ceni 800/900den

  • Тим на Кајак.мк

    11.05.2021 23:15

    Драга Наташа. Добивте одговор на мејлот кој ви е оставен на профилот. Секое добро

  • Natasa Popova

    11.05.2021 22:12

    Pocituvani, Me interesira za cenata, od sto zavisi dali kje bide 800 ili 900 denari za vozrasni lica i dali se plakja za deca (na koja vozrast)? So kolku kreveti se sobite? So pocit, Natasa