Центар за култура и рекреација Еригон
920.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена од кревет од ноќ
- Греење/Ладење
- Јавен паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Објектот се наоѓа на сретсело во Слоештица, Демир Хисар, неколку километри од магистралниот пат Кичево-Демир Хисар.
Располага со 5
соби со 14 единечни кревети.
Собите се опремени со постелнина,
пешкир и крпа за лице. Тоалетите се заеднички.
Има заедничка кујна, опремена со фрижидер и електричен шпорет.
Wi-Fi се уште
нема.
Објектот има
јавен паркинг простор.
Максимален
капацитет за 14 гости + можност за кампување во шатор во сцената на отворено.
Соседството е
мирно. Мештаните излезени од романите на Петре М. Андреевски, питоми и
комуникативни. Ќе ви раскажат безброј приказни за Петре.
Check in: 13:00- 21:00
Check out: 11:00
Клучот се подига
од домаќинот на објектот.
Доколку гостите
останат подолго од 7 дена се менува постелнината и пешкирите.
Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на велосипеди внатре.
ЛОКАЦИЈА