Куќа во село Вирово
700.00 ден
Вклучено во цена:
- Ноќевање по лице
- За престој над три дена, следува 20% попуст, односно 560 денари по човек. По договор и барање може да има и појадок или вечера (јадење, салата, десерт), за што се доплаќа.
- Греење/Ладење
- Wi-Fi/ТВ/Netflix
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Планинска куќа во село Вирово. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Планинската куќа
се наоѓа во село Вирово, општина Демир Хисар. Во куќата има една соба која е средена за
престој на гости.
Куќата е опремена
со два кревети, маса,
столици, кауч, наткасни и светилки, мини фрижидер со електрично ѓезве, шкаф, фиоки,
надворешно постоље со закачалки, на прозорецот има мрежа против комарци.
Купатилото за гости не е во собата, туку до собата,
ама е наменето само за гостите. Има туш, мијалник, ве-це шоља, и подно греење, пешкири, течни
шампони, течен сапун.
Кујната е долу, каде
е местото за јадење и дневен престој, пушење цигари, и гледање ТВ. Гостите по
потреба може да ја користат: има шпорет, миксер, блендер, замрзнувач, микро
печка.
Куќата има Wi-Fi и Netflix.
Пред куќата има
паркинг простор за една кола, а во близина на објектот има место за повеќе
автомобили.
Максималниот
капацитет е 2+1, со можност за дополнително барање за престој на лица во
втората спална соба.
Вилата се наоѓа
во планинска област, на 840 метри надморска височина.
Куќата е на сред
село.
Check in:
Флексибилно
Chekch out: Флексибилно
Клучот се подига
од домаќините на вилата. Вилата има простор за оставање на велосипеди.
Доколку гостите останат повеќе од 7 дена пешкирите и постелнините се менуваат.
ЛОКАЦИЈА