СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Селска куќа во село Белче: Демир Хисар

Demir Hisar
Цена од:

1,200.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цел објект за до 7 лица 3.300 денари за едно ноќевање
  • Цена за 2 лица во сместувањето за едно ноќевање од 1.200 денари
  • Цената може да варира
  • Греење на камин
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Селска викендица/куќа можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 7
Beds : 5
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Parking
Wi-Fi
Clean Air
Pet Friendly

Сместувачки капацитет

Куќата е целосно реновирана и располага со 3 простории за престој.

Сместувачкиот капацитет вклучува:

  • Една соба со 2 единечни кревети
  • Една соба со 1 единечен и 1 брачен кревет
  • Дневна соба со софа на развлекување

Вкупниот број на кревети е 5, а максималниот капацитет на сместувањето е 7 гости.

Удобности

Вилата располага со:

  • Целосно опремена кујна
  • Фен
  • Пегла
  • Wi-Fi интернет
  • Приватен паркинг

За природно ладење, куќата е изградена од камен, што овозможува пријатна температура и во летниот период. Греењето е на дрва преку камин-печка, создавајќи топла и пријатна атмосфера во постудените месеци.

Локација и околина

Сместувањето се наоѓа во рурална средина, опкружено со недопрена природа, шуми, ливади и Црна Река.

Во околината гостите можат да ги посетат:

  • Најстарата библиотека на Балканот во с. Бабино
  • Валајците во Вирово и Слоештица
  • Куќата на Петре М. Андреевски во Слоештица
  • Историското село Смилево

Соседството е мирно и тивко, идеално за одмор и уживање во природата.

Пристигнување и заминување

  • Check-in: флексибилен
  • Check-out: флексибилен

Дополнителни информации

  • Клучот се подига директно од домаќините.
  • Постелнината и пешкирите се менуваат во зависност од должината на престојот.
  • Сместувањето дозволува престој со домашни миленици.
  • Обезбеден е простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување