СУПЕР ДОМАЌИН

Апартмани на Пониква

Kochani/Ponikva
Цена од:

3,300.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените почнуваат од 2.500/3.850 денари за двокреветни соби за едно ноќевање
  • Апартман тип 1: 4.500 денари за едно ноќевање
  • Апартман тип 2: 5.500 денари за едно ноќевање
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартмани на Пониква. Можете да ги резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 32
Кревети : 20
Check In : 12:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вилата се наоѓа на Пониква, на 20 км од Кочани, на надморска височина од 1.600 метри, опкружена со прекрасна борова и елова шума која создава вистински планински амбиент и идеални услови за одмор во природа.

Објектот располага со 4 апартмани и 6 двокреветни соби, со максимален капацитет до 32 лица (вклучително и деца).

Сместување

Апартман тип 1 – 50 м² (до 4 лица)
Вилата располага со 2 апартмани од овој тип. Секој апартман има:

  • Француски лежај
  • Гарнитура за седење која се развлекува
  • Трпезарија
  • Целосно опремена кујна со минибар и електричен бокал за кафе/чај
  • Телевизор (Мтел телевизија)
  • Wi-Fi
  • Приватна тераса
  • Купатило со туш

Апартман тип 2 – 70 м² (до 6 лица)
Вилата располага со 2 апартмани од овој тип. Секој апартман има:

  • Посебна спална соба со 4 кревети (еден француски кревет и два единечни кревети)
  • Гарнитура за седење на развлекување во дневната соба
  • Трпезарија
  • Целосно опремена кујна со минибар и електричен бокал за кафе/чај
  • Телевизор (Мтел телевизија)
  • Wi-Fi
  • Пространа приватна тераса со источна ориентација
  • Купатило со туш

Двокреветни соби

Објектот располага со 6 двокреветни соби. Од нив, 3 соби се на кат со заедничка кујна и бања.

Собите располагаат со:

  • Француски кревет или единечни кревети со можност за спојување
  • Приватна тераса
  • Телевизор (Мтел телевизија)
  • Целосно опремена кујна со минибар и електричен бокал за кафе/чај

Содржини и опременост

  • Бесплатен Wi-Fi
  • Приватен паркинг
  • Простор за оставање велосипеди

Локација и активности

Вилата се наоѓа на само 200 метри од мала ски-патека и ски-лифт. Во непосредна близина се наоѓаат:

  • Инфо центар Пониква
  • Културни и верски знаменитости (споменик од НОБ, манастир)
  • Спортски терени во склоп на објектот на МВР (достапни за сите посетители)
  • Места за пикник
  • Природни извори на вода

На само 150 метри од вилата се наоѓа прекрасен ресторан.

Вилата е опкружена со приватни викенд куќи, а мирната околина и густата шума овозможуваат идеални услови за релаксација.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: од 12:00 часот
  • Check-out: до 11:00 часот

Клучот го предава овластено лице за пречек на гостите во вилата.

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 5 дена или по барање на гостите.

Дополнителни информации

  • Домашни миленици не се дозволени.
  • Обезбеден е простор за оставање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Маја Андоновска Спасовска

    26.01.2026 09:07

    Прекрасен смештај на Пониква, чисто, средено, уредно, прекрасни услови за вистински зимски одмор и уживање на снегот. Ќе го имам во план и за во иднина секако. Оцена 5

  • Nenad Neshikj

    25.01.2026 22:02

  • Милена Лазаревска

    05.01.2026 08:37

  • Lence Ristovska

    04.01.2025 11:45

    Dali moze da go rezervirame apartmanot tip 2 za vikendot 18ti i 19ti januari

Разгледајте повеќе сместувања

МОМЕТАЛНО НЕ РАБОТАТ
Цена од

4,000.00 ден

Разгледај
МОМЕТАЛНО НЕ РАБОТАТ
Цена од

7,000.00 ден

Разгледај
СУПЕР ДОМАЌИН
Цена од

1,800.00 ден

Разгледај
СУПЕР ДОМАЌИН
Цена од

1,000.00 ден

Разгледај