Вила Рашков: Пониква

Kochani/Ponikva
Цена од:

3,500.00 ден

Вила „Рашков“ која има капацитет за од 6 до 8 лица.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 8
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила од ноќ
  • Доколку проестојувате повеќе ноќевања цената може да биде пониска
  • Греење
  • Паркинг
  • Тотал ТВ
  • Двор

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до вилата
  • Интернет
  • Храна

Вила „Рашков“ која има капацитет за од 6 до 8 лица. Најдобро е да бидат сместени 6 лица, поради идеалната комоција и приватност. Вилата има четири спални соби, дневен престој, кујна и бања. Идиличен планински амбиент, со комплетни услови за престој на различни генерации. Вилата се наоѓа на 1250 метри надморска височина, што го прави местото природна бања. Има летниковец, а греењето е на дрва. Надвор има скара достапна на гостите. Веднаш до ресторан „Осоговска Куќа“.


Патот до вилата е асфалт, со мал дел од исклучувањето земјен пат кој му дава автентичност на пределот. Клучевите за вилата се подигаат во Кочани, но во зависност од договорот и периодот може да се подигнат во вилата. Доколку се одлучите за подолг временски престој, сопственците ви вршат промена на постелнините.


Пониква има 16 километарски долги патеки за пешачење кои водат до највисокиот врв во овој регион - „Царев врв”. Скијачките терени во последно време стануваат многу популарни како поради одличните ски патеки и лесно достапните терени за почетниците кои се уште учат да скијат.

Информации и резервации на: 070 754 705

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Елена Ваканска

    04.02.2022 16:44

    Почитувани, Би сакала да резервирам две соби, за две четиричлени семејства. Со обзир дека се работи за една ноќ, спремни сме да платиме и нешто повисока сума од вообичаената. Однапред Ви благодарам. Со почит,

  • igor krstevski

    30.11.2021 19:17

    me interesira cena za 31 1 2 i dali ima prostor den dva da se ostane