Вила на Калин Камен: Крива Паланка
7,380.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената за наем на вила
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење/ладење
- Паркинг
- телевизија
- Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата се наоѓа на Калин Камен, Крива Паланка. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата има два
спрата.
На долниот спрат
има тоалет, дневна просторија, една спална соба. Во дневниот престој има
петосед, кревет и фотеља.
На горниот спрат
има спална соба со брачен кревет, двосед, тросед, маса за јадење, ходник, тоалет.
И уште една соба со кревет како спална за 2 лица, кревет на спрат за 2 лица,
затворена тераса со опремена кујна и два кревета на затворената тераса.
Паркинг има под
видео надзрот. Телевизор има во секоја соба, има летна кујна надвор со огромен
простор за седење, скара, фурна и три дрвени летниковци.
Вилата има Wi-Fi и комплетно опремени кујни.
Максималниот капацитет на гости кои можат да се сместат е 8 лица.
Сместувањето се наоѓа недалеку од приватно езеро и 2 ресторани.
Сместувањето се наоѓа во мирна и тивка област.
Вилата има два посебни влеза.
Check in: 11:00-12:00 часот
Check out: 18:00 часот
Клучот се подига од домаќинот на вилата.
Постелнината и крпите се менуваат на секои 3 дена.
Во сместувањето не се пропуштаат домашни миленици, а има и простор за складирање на велосипеди.
Вилата има шпорет и радијатори во секоја соба.
Вилата нуди прекрасен поглед и се наоѓа во непосредна близина на езерото, на Царев Врв, манастирот Јоаким Осоговски. Идеална е за луѓе кои сакаат чист воздух. Можете исто така да ги посетите Стоечките водопади.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Petar
07.12.2022 08:35
Zdravo dali e slobodna od 30do januar