Вила на Света Вода на Калин Камен
600.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена по лице од ноќевање
- Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Греење/Ладење
- ТV/Wi-Fi
- Паркинг
- Два велосипеди на располагање
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата располага со 3 спални соби, од кои 2 соби се двокреветни, а 1 четирикреветна, Секоја соба има сопствено купатило, сите соби имаат заедничка дневна со кујна и трпезарија од 60 квадрати. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Располага
со летниковец од 100 квадрати, посебна кујна, опремена
со фурна, простор за скара.
Кујната е целосно
опремена.
Објектот има Wi-Fi.
Објектот има
сопствен приватен паркинг.
Максималниот
капацитет е за 10 лица.
Сместувањето се
наоѓа во мирна област и на 1350 метри надморска височина.
Check in: 12:00 часот
Check out: 11:00 часот
Сместувањето е
отворено 24/7 и од него се подига клуч.
Постелнината се
менува на секој трет ден.
Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици. Сместувањето има два велосипеда кои им се на располагање на гостите, а има простор за остава на други велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Слободан Димоски
11.01.2025 17:46
Вилата е одлична. Уредена модерно, во склад на потребите за неколкудневен престој. Веќе вторпат престојувавме таму во зимски период. Куќата е претопла и сега и пред две години кога бевме за прв пат. И првиот пат и сега бевме пречекани многу пријателски и гостопримливо од сопствениците. Повторно ќе одиме кога ќе ни се укаже прилика. Со задоволство ја препорачувам.
-
Vane Nedev
03.01.2025 18:10
Вилата е на одлична локација Самиот објект и летниковецот се супер! Но, сопственикот константно е присутен на објектот и дели совети. Неколку пати напомена дека не смее да се готви дома, и покрај тоа што има кујна. Наместо добредојдовте не пречека, ништо не изнесувајте од куќата. Дрва за каминот ако ви остави наутро ке иѓате ако не ке вртите околу куќа да си најдите. Топла вода има само кога има сонце, од 12:00 до 13:00 Бевме 6 возрасни со две мали деца за НоваГодина , но вилата и сопственилот во никој слуќај ме ги задоволија нашите потреби Оценка 3,5/10
-
Viki Kara
03.03.2024 21:11
Се јавив да резервирам цела вила, две фамилии со мали деца за Велигден и 1ви Мај. Газдата ми кажа 6000 денари од вечер и почна да ме прашува што планираме да готвиме, дека не давале да се готват манџи и други работи. Му кажав на газдата дека не може вака, за деца треба да може да им се прави храна, особено дека вилата е изолирана во планина и дека вакви ограничувања нема смисла да става и да прашува, особено ако за 5 дена ќе земеше 30 000 денари.