Апартман во ранчот Станча

Kriva Palanka
Цена од:

1,200.00 ден

Сместување на фарма


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цена по лице од ноќевање
  • Традиционален појадок
  • Wi-fi
  • Паркинг
  • Кабловска

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Ранчот се наоѓа во село Станча, на планината Герман.

Располага со две соби од кои едната соба има брачен кревет, а другата има два единечни кревети кои може да се спојат како брачен доколку има потреба.

Сместувањето има купатило и кујна.

Собите имаат телевизор, кабловска телевизија и wi-fi.

Кујната е целосно опремена.

Паркигот е пред самиот објект.

Масималниот капацитер за ноќевање може да бидат два пара или еден пар со деца.

Самиот ранч има домашни животни, како јариња, крави, коњи, пилиња, свињи и ред друго кои се пуштени слободно да шетаат.

На околу 2 километри од стара воденица каде домаќините може да ви организираат пикник покрај река (со претходна најава).

Сместувањето се наоѓа во недопрена природа на 1.100 метри надморска височина.

Во околината на ранчот нема соседни куќи, најблиската куќа е на 2 километри.

Check in: Флексибилно (Со претходна најава)
Check out: Флексибилно (Со претходен договор)

Клучот се подига од домаќините на ранчот. Доколку гостите останат подолго време се менува постелнината и пешкирите.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици. (Со напомена дека во ранчот има 10 питоми Шарпланинци).

Планината нуди одлични можности за велосипедизам и има место каде може истите да ги остават.

Конктакт за резервација: 070 589 053 – Силвана

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Petar

    07.12.2022 08:41

    Zdravo dali e slobodna bilata od 30 do 2 januar kontak samo na viber 071230214 oti vo stranstvo ziveam