СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Уникатна вила во срцето на Берово

Berovo
Цена од:

500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Мининилана цена од ноќевање по лице
  • Доколку гостите се задржат повеќе ноќевања цената варира
  • Цената за наем на цел спрат е 3000 денари
  • Греење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Јавен достапен паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Измајмете куќа во Берово. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 7
Кревети : 7
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Куќата се наоѓа во градот Берово во близина на градскот парк.

Куќата располага со три соби од кои една четирикреветна и една за пар кои кревети може да се одделат.

Секоја од собите е опремена со греење и телевизор.

Објектот располага со кујна за целиот спрат.

Објектот располага со Wi-Fi.

На 100 метри од куќата има место за паркирање.

Максималниот капацитет е за 7 лица.

Во околината на куќата има парк, амбуланта и градинка.

 Check in: Во договор со сопствениците

Check out: Во договор со сопствениците

Клучот се подига од сопствениците на куќата.

Доколку гостите останат подолго од 7 дена, се менува постелнината и пешкирите.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за оставање на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ivan Donevsli

    04.12.2024 15:10

    Dali imate slobodna soba za dvajca za utre 05 Dek za edno nocevanje i cena ve molam

  • Емилија Спасова

    11.01.2022 18:40

    Прв пат во Берово и случајно во 5 до 12, куќа Избор без утка! Топло добредојде од тетка Тања, со секакви информации за тоа што каде се наоѓа во Берово и што би требало да посетиме доколку сме прв пат во Берово! Како за прв пат во Берово, Ангела не удостои со одлична дружба! Во периодот на гостување, спратот е ваш, домаќините не се воопшто во куќата! Кога влеговме не пречека топла куќа со запален камин. Со оглед на тоа што доаѓаме од Скопје, и по претпоставка дека не се грееме на дрва, замислете, чичко Вили дојде сабајлето да ни го запали огинот! Какво чувство имав за време на престојот? Дека сум дошла на гости кај некои блиски роднини кои се радуваат на моето присуство и сакаат да ме нагостат со се што можат и да ми покажат се што е убаво! Еве уште една ситница можеби, но за мене голема почит, чичко Вили ни покажа од каде може да си купиме најубаво Беровско сирење и не претстави како негови пријатели! Да, и јас имам чувство дека стекнав добри пријатели кај кои со задоволство повторно би се вратила!

  • Ѓурѓица Галамарова

    09.11.2021 12:27

    Резервиравме 3 ноќевања во куќа Поли за прв пат. Убавините на Берово ни беа веќе познати но љубезноста на домаќините беше изненадувањето. Куќата лесно се наоѓа но сепак домаќинката не пречека и ни покажа сѐ што требаше. Ние бевме двајца а на располагање ни беше целото приземје, огинот веќе беше запален (има можност за греење и на струја, но ние избравме на дрва). За добредојде имаше и превкусни домашни колачиња, со што започна првиот ден, а последниот заврши со домашно подготвени јуфки и слатко од сливи. Инаку во кујната покрај целиот потребен прибор домаќините мислеле и спремиле за гостите и кафе, шеќер, сол, зејтин, детергент за садови, ново сунѓерче. Со еден збор се мислело на сѐ. Креветот беше удобен, сѐ беше навистина чисто. Тоа што ни остави најголем впечаток беа парчињата, претпоставувам семејно наследство, од богатата наша македонска традиција. А исто од домаќинот добивме и рецепт за најубав качамак. Од сѐ срце ви ја препорачуваме куќа Поли и Берово.