Грција

Остров Крф: Вила Зевс

Остров Крф: Вила Зевс

Грција Цена од:

1,537.00 ден

Разговарај на Viber

Остров Крф: Студија во вила Зевс со приватен базен

Вклучено во цена:

  • Цена за 2 лица од ноќевање
  • Цените варираат во зависност од бројот на ноќевања

Не e вклучено во цена:

  • Траект на релација Игуменица- Остров Крф- Игуменица (Може да ви го организира агенција)
  • PCR тест од 1500 денари (Доколку не сте вакцинирани)
  • Туристичка такса

Вила Зевс се наоѓа на околу 400 метри од плажа, сместена во мирен амбиент во доста мирен дел од Пирги (Ипсос). Пред вилата се наоѓа реконструирано спортско игралиште, зад вилата се наоѓа преубав ридски предел покриен со маслинови дрвца, а недалеку од вилата се наоѓа продавница која работи до доцните вечерни часови.

Овој комплекс се состои од две згради, сместени во прекрасно уреден двор од медитерански карактер каде е изграден луксузен базен со бар и лежалки достапен за користење за патниците сместени во вилата. Објектот е составен од двокреветни и трокреветни студиа. Студијата располагаат со мини кујна опремена со решо за готвење. Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

Студијата се опремени со телевизор, бежичен интернет чива јачината на сигналот, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и опреретеноста на мрежата. Студиата располагаат и со клима уред која може да се користи со дополнителна наплата од 5 евра на ден која цена се уплаќа во самата вила. Студиата се на приземје и прв спрат.

Студијата на приземје и на спрат располагаат со убави тераси коишто се преградени и кои нудат убав поглед кон спортско игралиште со изгрејсоце и кон дворот (внатрешната страна). Во самиот двор има место за складирање багаж, кадешто патниците ќе можат првиот и последниот ден да го оставаат својот багаж, како и тоалет.

Студијата се чистат пред влегување на нова група патници, а за време на престојот патниците се задолжени за оддржување на хигиената. По самото реновирање на студијата, сопствениците водат грижа за штетата нанесена од патниците, со тоа што доколку истата е констатирана се наплаќа на лице место од џебот на патникот.

  • CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори

Остави Коментар