Вила со базен во село Никуљане
20,350.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цел имот од ноќ до 10 лица е 20.350 денари
- Капацитет за максимум до 10 лица
- Базен
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вила со базен. Вилата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со вкупна цена, а потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и домаќините.
Локација
Вилата се наоѓа во живописното село Никуљане, на само 11 км од Куманово, 44 км од Скопје и 33 км од Меѓународниот аеродром Скопје. Сместена е на 570 метри надморска височина, во мирна средина која нуди целосна приватност и одмор во природа.
Сместување
Вилата располага со 4 спални соби и има капацитет за до 10 лица.
• Сите соби се опремени со брачен кревет.
• Една од собите дополнително располага со два единечни кревети.
• Една спална соба има две тераси, од кои едната нуди прекрасен поглед кон базенот.
• Останатите соби се опремени со кревети и плакари.
Кујна
Гостите имаат на располагање целосно опремена кујна со сите потребни елементи за подготовка на оброци.
Опременост
• Бесплатен Wi-Fi
• Приватен паркинг
• Камин во дневниот простор
• Простор за оставање велосипеди
Базен и двор
Најголемата атракција во летниот период е надворешниот базен, со димензии 16 метри должина, 5 метри ширина и 2 метри длабочина.
Вилата располага со пространо и уредено дворно место од 5.000 м², идеално за релаксација, дружење и активности на отворено.
Околина
Околината е исклучително тивка и мирна, обезбедувајќи апсолутна приватност и совршени услови за одмор далеку од градскиот метеж.
Хигиена и одржување
Во вилата се обезбедени чисти пешкири и постелнина, кои гостите можат да ги користат и заменуваат по потреба за време на престојот.
Дополнителни информации
• Сместувањето е Pet Friendly и дозволува престој на домашни миленици.
• Обезбеден е простор за складирање велосипеди.
Пријавување и одјавување
Времето за check-in и check-out е флексибилно, со претходен договор со домаќините.
Подигање на клуч
Клучот од вилата се подига директно од сопствениците, кои лично ги пречекуваат гостите при пристигнувањето.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Vladan Andonovic
04.08.2024 20:57
Google Maps ne e dobar za da stigne covek do vas. Svak vikend vaṣ̌i gosti idev u moj dvor u Nikuljane. Mene ne mi e problem ali usluga nema da vi e kompletna. Pozz.