Винарија Пешков
Македонскo винo600.00 ден
Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Оваа винарија се наоѓа во Кавадарци и има
капацитет од 10 000 литри годишно, а виното и маџунот го произведува исклучиво
од сопствено грозје. Од 2023, виното на винарија Пешков е органски сертифицирано.
Лозовите насади се наоѓаат на надморска
височина од 450 метри во селото Ресава и истите зафаќаат површина од околу 3
хектари, не се наводнуваат и имаат намален принос на грозје. Лозовите насади се
одгледуваат на органски начин што значи дека на нив не се нанесуваат никакви
вештачки ѓубрива и пестициди.
Денеска, винаријата ги негува локалните сорти грозје како: Темјаниката, Вранецот и Смедеревката. Производството на вино и одгледувањето на лозовите насади се сертифицирани од Про Церт.
Направи нарачка
Темјаника
За производство на виното „Темјаника“ семејството Пешкови грозјето го бераат во раните утрински часови темпертатурата е пониска, со цел да се зачуваат примарните ароми на грозјето. Ферментацијата се одвива во инокс цистерни со контролирана температура. После ферментацијата виното е зреено 3 месеци на сопствен талог. Alc 14%. Темјаниката е органски сертифицирана600.00 ден
Вранец зреено во француско барикно буре
За Вранец пак, виното е добиено од вранец којшто има редуциран принос од 600 килограми на декар, со шеќерни единици од 26 брикса. Виното е зреено 12 месеци во француски барик буриња, и истото е нефилтрирано и не е бистрено. Alc 15.5%. Виното е органски сертифицирано.800.00 ден