Скротен Вранец и Темјаника Прима: Македонски вина од Делчево од вљубеник во винарството

Македонскo винo
Цена од:

250.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго (просечна цена на каргото 80-150 денари за цела пратка). Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

Во нашиот круг на македонски вина, додаваме винарија од Делчево, чиј сопственик е вљубеник во винарството и со гордост ги претставува своите вина, Скротен Вранец и Темјаника Прима. Опишани на начин кој целосно ќе ви го доловат вкусот на виното, со прекрасен елегантен дизајн, ова се две македонски вина кои нема да ве остават рамнодушни. Во комбинација со добро друштво, традиционална македонска храна, имајте ги на вашата трпеза за добро расположение и целосно исполнување на сите вкусови и сетила. Достапни во нашата бакалница по пристапни цени. Поддржете ги локалните винарии и вљубеници на вината.

Направи нарачка

https://cdn.kajak.mk/static/a2dfd49a-f6b6-eacb-a2c5-b90abe953900.jpg

Скротен Вранец 0.75

Скротениот Вранец е уникатен по одличниот спој на силата на Вранецот со нежноста. Се пие во друштво, со храна по ваш избор. Избалансираната неагресивност одлично го спарува со сирења и печена живина. Не е филтрирано, содржи сулфити.
Цена

250.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/13d4d80e-7e67-d9e5-394f-bb897c9dcb8e.jpg

Темјаника Прима 0.75

Суво бело вино со македонско потекло. Прозрачната бистрина, аромите на бозел, зрела круша и ананас и средното до лесно тело ја прават Темјаника Прима, пример за елеганција. Освежителната, пријатна киселост и нежниот босилек темелно ја гаснат жедта. Прочистувачкиот ефект не остава жедни за уште една голтка. Темјаника Прима е идеална за широк опсег храна, како живина, овошје, десерти.
Цена

350.00 ден

Остави Коментар