Семејна Винарија Киево

Македонскo винo
Цена од:

350.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.


Винарската визба Киево е првата регистрирана семејна винарија во Штип. Филип вели дека долгодишната семејна традиција на производство на грозје и вино го поттикнале неговото семејство да направи храбар чекор, а тоа е да го официјализираат името на винаријата и да му дадат печат на долгодишниот труд.

Киево денеска располага со околу 7 хектари сопствени лозови насади од вранец и ризлинг, а лозјата се наоѓаат на околу 300 метри надморска височина. Виното се произведува со минимална интервенција како би ја доловил разновидноста на винските региони во Македонија.

Историски гледано во нашата фамилија секогаш имало некое буре вино и ракија во подрумот. И покрај преселбата на дедо ми во градот, никогаш не е искоренета традицијата на лозарство и производство на вино. Во 2009-та година го засадивме нашиот прв лозов насад со сортите вранец и ризлинг. Винаријата ја основа татко ми Сашо, а јас сум енологот. Занимавајки се со земјоделство речиси цел живот, од секогаш сме мечтаеле да имаме финален производ. Па за тоа се осмеливме на овој чекор, овчеполското виногорје да го ставиме во шише!“, раскажува Филип за Кајак.мк.

Моментално произведуваат вино исклучиво од сопствени насади, што значи ризлинг и вранец, а особено се горди на вранецот кому Овчеполието му дава посебен карактер.

Процесот на производство е спроведен фамилијарно, од работните обврски во лозјето, па се до затворањето на шишето. Политиката на семејството е да произведуваме вино со минимална интервенција и никаква корекција. Типични за регионот и реколтата. Годишно произведуваат околу 10.000 литри, а вкупниот капацитет е 17.000 литри.

Направи нарачка

https://cdn.kajak.mk/static/130138e1-3708-42fd-ec94-b4531d2c7ec5.jpg

Вранец Суво Вино 0,7 лит Винарија Киево

Вранецот се карактеризира со интензивна рубин црвена боја, арома на џем од шумски плодови со среден интензитет и притаени ноти на путер и ванила. Балансот на средно полно тело, високи киселини и богати танини со автентичниот вкус на капини, вишни и малини е заокружен со долготраен финиш, со што ова вино ви овозможува комплетно уживање. Наша препорака е да се комбинира со црвено месо или пастрамајлија, а за вегетеријанците со печурки на плотна.
Цена

350.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/7348a8c3-a063-86b3-07a7-de0388fd8ea7.jpg

Ризлинг Суво Вино 0,7 лит Винарија Киево

Ризлинг има светло жолта боја со зелени нијанси со среден интензитет. Ова вино се одликува со арома на лимон, лимета и притаена зелена јаболка, карактеристична за оваа сорта. Лесно кон средно тело, високи киселини, овошни вкусови на лимон, лимета, кајсија и круша. Освежително, особено кога е добро изладено. Наша препорака е да се конзумира во комбинација со лосос и зеленчук но идеално е во хармонија и со вкусовите на било која друга риба. Совршено го надополнува лесниот оброк од пармезан или пр
Цена

350.00 ден

Остави Коментар