Винарија Стојан и Синови
Македонскo винo550.00 ден
Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Можете да селектирате кои прозизводи и која количина сакате. По испратеното барање очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Тимот на Кајак.мк разговараше со Ванчо Шутароски, кој заедно
со својот брат Николче, ја основал семејната винарија „Стојан и Синови“ во чест
на нивниот татко Стојан. Винаријата, официјално регистрирана во 2022 година, е
мал семеен бизнис кој ја продолжува семејната традиција и љубовта кон
винарството што ја негувал нивниот татко.
Она што ја издвојува винаријата е тоа што сите нивни вина се произведуваат исклучиво од сопствени лозови насади, кои се наоѓаат токму таму каде што е и винаријата.
Од почетокот на 2024 година, „Стојан и Синови“ го проширија своето производство. Тие нудат вина од сортите вранец, прокупец, ризлинг, темјаника, како и специјалното охридско куве, на кое особено се гордеат. Производството се одвива во иноксни буриња, а годинава произвеле 5000 шишиња. Покрај виното, винаријата произведува и ракија, која е уникатна по својот состав – комбинација од магарешки трн, жалфија и мајчина душица.
„Стојан и Синови“ претставува пример за тоа како семејната традиција и посветеноста можат да се претворат во успешен мал бизнис, кој го зачувува автентичниот македонски вкус.