Bango Winery: Етикета која ја краси сонцето со контурите на Шар Планина
Македонскo винo450.00 ден
Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго (просечна цена на каргото 80-150 денари за цела пратка). Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Овој викенд сонцето не однесе назад во Тиквешкиот регион, кој веќе докажано е синоним за добро вино и ракија. Тимот на кајак се запозна со уште една винарија, која со задоволство од денес е дел од нашата бакалница.
Bango Winery е сместена во Тиквешкиот регион, каде ги одгледува своите лозови насади. Желбата за основање на семејна винарија потекнува од 1991 година, со производство на првите количини вино, во чест на независна и суверена Република Македонија. Според тоа се именувани вината MACEDONIA - Vranec и MACEDONIA - Sauvignon Blanc. Виното Sauvignon Blanc е добитник на злато на натпревар за квалитет на млади вина во 2022 година, а виното Vranec е добитник на двојно злато на натпреварот за квалитет на млади вина во 2023 година. Розе „МАЈА“ е инспиративно и нежно, совршено надополнување на секој посебен момент.
Она што нас ни остави голем впечаток е етикетата која ја краси сонцето низ кое се преплетуваат контурите на Шар Планина.
Погледнете за што станува збор во продолжение, уживајте во секоја голтка и разгалете ги вашите сетила со овие извонредни вина.
Place Order
View More Products
250.00 ден
350.00 ден
450.00 ден