Винарија Илиев
Македонскo винo340.00 ден
Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Платформата „Кајак“ ви нуди можност да извршите нарачка на вината од винарија „Илиев“ која се наоѓа во срцето на тиквешкиот регион. Ова мала семејна бутик винарија поседува и обработува 17 хектари сопствени лозови насади од кои годишно произведува од 280-300 тони грозје. Од таа количина се селектираат 20 тони квалитетно грозје за производство на виното. Со труд, љубов, внимание и многу работа трудат да бидат во чекор со најновите трендови во производство на виното.
Производите од винаријата се дистрибуират низ цела Македонија по брза пошта, која ја плаќа купувачот. Пратката се испраќа од еден до два работни денови.
Направи нарачка
Рајнски Ризлинг 0,75
Суво бело вино од сортата Рајнски Ризлинг се карактеризира со зеленкасто-жолтеникава боја и интензивни ароми. Ова ароматично вино нуди примарни овошни ароми на овошни плодови како нектаринa, кајсија, јаболко со мед и круша. Поради слаткоста и киселоста на Ризлингот, тој е совршен додаток на зачинетата храна.360.00 ден
Каберне Совињон 0,75
Со полно тело и свежо, ова Каберне е зрело и експлозивно со ноти од малина, капина, цреша. Изобилува со танини кои го прават комплексно и структурно, а соодносот на алкохолот киселините и полниот екстракт на виното му дава хармоничен и избалансиран вкус. Финишот е импресивен, а текстурата е мазна.360.00 ден