Wine & Spirits
Македонскo винo450.00 ден
Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Димитар стои позади брендот „Wine & Spirits“ која мала семејна винарија е официјално регистрирана во 2022-ра година. Доаѓа од Кавадарци и има сопствени лозови насади под автентичното сонце кое го зрее плодот кој подоцна се точи во чаша добро вино.
Димитар ни раскажа дека со лозарство и винарство е поврзан од кога памети за себе. Преку смеа вели дека ако си од Кавадарци, жално е никогаш да не си работел на лозјето.
Ракија, вино и маџун произведува веќе 4-та генерација од неговата фамилија. Денеска как регистрирана винарија произведува околу 3300 литри вино годишно.
Неговата винарија денеска произведува бело, розе и црвено вино од сортите ркацители, смедеревка, мускат хамбург и вранец. Најмногу е горд на ркацители кое вино го именува како Moonlight Walker. За вината вели дека се грозје кое е одгледувано на традиционален начин, а модерна преработка со контролирана температура при процесот на ферментацијата.
Информации на: 076 928 598