Семејна Винарија Јаковлевски

Македонскo винo
Price from:

350.00 ден

Chat on Viber Call on Phone

Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

Горан вели дека традицијата на одгледување грозоје и производство на вино во неговото семејство започнала во 1975-та година, кога неговиот дедо ги издигнал сопствените лозови насади со сортите Смедеревка и Станушина. Истите лозови насади денес ги одгледува неговиот син, што калкулацијата ни говори дека точно четири генерации водат грижа за винската приказна.

Површината со лозови насади ја зголемуваат од година во година, а со тоа го зголемуваат и капацитетот на винаријата. Денеска огледуваат и Вранец, а за сортата Темјаника вршат откуп од домашни производители. Горан вели дека грозјето кое го откупуваат е од внимателно избрани лозови насади, лоциран во тиквешкото виногорје, пред се од атарот на селата Манастирец, Гегниште, Ресава и Камен Дол.

Од нивните лозови насади кои се стари 50 години успеваат да произведат „Станушина Розе вино“ која е единствена автохотона македонска сорта на грозје, за кое вино повеќе интерес покажуваат гостите од странство отколку македонските конзументи. Што се однесува до летниот период, поголем интерес има за белите вина како Темјаника, Траминец и Бианка Куве кое е вино што освежува.


Инфо на: +38976928598

Place Order

https://cdn.kajak.mk/static/e5e3e344-d6ee-b499-cc77-6a71c61200e7.jpg

Вранец

Вранец
Price

350.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/60e2eced-383d-5d5d-b61a-d63419cd754c.jpg

Темјаника Шарм

Темјаника Шарм
Price

360.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/6ae3d869-1cf9-3752-706e-8f05ba3e846a.jpg

Станушина

Станушина
Price

380.00 ден

https://cdn.kajak.mk/static/692b634e-21de-79b4-b63e-048ff284c8e3.jpg

Вранец Кинг

Вранец Кинг
Price

600.00 ден

Leave a Comment