Донирани нови 300 дрвца за пошумување

Тим билдинг во Кавадарци

Avicenna4IT донираше нови 300 дрвца за пошумување

Тимот на Кајак е сведок за одличната колегијална хемија која ја имаат вработените на Avicenna4IT, компанија која изминатиот викенд беше дел од нашите друштвени тим-билдинг патувања.

Среќни сме што уште една компанија веќе е дел од еко фамилијата на Кајак, а која преку тоа што ни се препушти во наша организација на целодневното патување, донираше нови 300 дрвца за пошумување во есенската сеидба. Што значи дека со нив ќе имаме прилика да се дружиме повторно на есен.

Покрај фактот што компанијата донираше средства за пошумување, воедно даде топла поддршка на нашите локални херои за кои умееме да кажеме дека прават мали нешта од огромно значење за равојот на туризмот.

Нашето прво застанување беше во Кавадарци, каде го посетивме атељето Зингибер, за нивната работа и за прекрасната фамилија Милеви имаме пишувано во нашата рубрика „Наши приказни“ која можете да ја прочитате еден клик ОВДЕ.

Ваквите посети на локалните занаетчии претставуваат добитни комбинации како за компаниите, така и за развојот на локалното занаетчиство.

Вработените на Avicenna4IT имаа можност да ја слушнат приказната за развојот на резбарството кај оваа семејство, да погледнат како се резбари и да ги пробаат основните чекори на резбарството.

Ручекот ни го подготви тетка Мина, домашна храна, подготвена со многу љубов.

Втората попатна станица ни беше винаријата „Квин Марија“ во Демир Капија, каде имавме можност да се запознаеме со приказната на винаријата, да ги посетиме едни од најстарите буриња во Македонија и да дегустираме разни вина произведени под кровот на винаријата.

Ние сме среќни што успеавме да испишеме уште една позитивна приказна, за која се надеваме дека ќе биде репер на многу компании.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment