Компанијата Singular дел од еко семејството на Кајак.мк

Тим билдинг во Кавадарци

Втората дестинација која ја посетивме беше винаријата „Тиквеш“, за која ние постојано велиме дека големите винарии како „Тиквеш“ се амбасадорите на Македонија во странство, а пак за малите бутик винарии додаваме дека тие се новата душна на македонското вино.

Октомври го отворивме со тим-билдинг на две сосема доволно познати дестинации. Компанијата Сингулар со која имавме прилика да се дружиме на третиот ден од месец октомври за своите колеги од Грузија организираше уникатна прошетка низ тиквешкиот регион.

Денот ни започна со посета на археолошкиот локалитет „Стоби“, парче земја која како гласник нѐ гордее со она кое денеска можеме да го покажеме пред странците.

За тимот на Кајак.мк, локалитетот Стоби е дестинација која мора да ја посети секој македонец. Без разлика дали некогаш ве одвеле како група во локалитетот, наш совет е да ја посетите индивидуално, како би можеле да уживате во тишината и да ја почувствувате енергијата на историскиот локалитет. Стоби има свои локални водичи кои може да ви ја раскажат историјата, да ве запознаат со минатото и да ве поттикнат да размислувате за начинот на кој се живеело на ова поднебје.

Втората дестинација која ја посетивме беше винаријата „Тиквеш“, за која ние постојано велиме дека големите винарии како „Тиквеш“ се амбасадорите на Македонија во странство, а пак за малите бутик винарии додаваме дека тие се новата душна на македонското вино.

Ходниците на Тиквеш мирисат на искуство од далечната 1885 година. Денеска во винаријата можете да реализирате кратка обилколка, да се запознаете со нејзиното минато, со начинот на производство на вино и со она кое Тиквеш го има како стремеж во иднина.

Во склоп на винаријата има вински подрум, каде ние заедно со групата имавме прилика да дегустираме пет различни вина, парирани со разновидна храна. Инструкциите за парирањето на виното со храната ни се секогаш добредојдени.

Компанијата „Сингулар“, преку своето друштвено патување даде поддршка на локалните занаетчии „Зингибер“, а воедно донираа и 200 дрвца за пошумување.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment