Архитектон Дизајн донираше нови 200 дрвца за пошумување

Тим билдинг во Кавадарци

За нас доаѓа ерата кога многу резбари, уметници, плетачи, изработувачи на накити и ред други ремек дела ќе имаат можност да им го пренесат своето искуство на новите и млади генерации со кои Македонија треба да се гордее.

Тимот на Кајак.мк одамна ја зрееше идејата за отпочнување со продуктивни тим-билдинг настани преку кои, групите ќе бидат дирекно инволвирани во изработката на нови ремек дела. Изминатиов викенд ја започнавме токму оваа стратегија, да ги запознаваме домашните компании со занаетчиите ширум Македонија, а пак кои занаетчии ќе ги вклучат присутните гости во изработка на уникатни сувенири.

Затоа, за нас доаѓа ерата кога многу резбари, уметници, плетачи, изработувачи на накити и ред други ремек дела ќе имаат можност да им го пренесат своето искуство на новите и млади генерации со кои Македонија треба да се гордее.

Ние пак, се гордееме со фактот дека викендов заедно со вработените од комапнијата „Архитектон Дизајн“ успеавме да го создадеме првото ремек дело, кое е дрвена полица за вино. За начинот на изработка и постапката на изработка групата доби инструкции од Марјан Милев човекот кој пишува една позитивна приказна во Кавадарци, а кој по потекло е од мијачкиот крај.

За Марјан и Мина сме пишувале честопати, но сепак, нивната приказна и хемија која ја пренесуваат може да ја почувствувате само доколку ги посетите.

Кавадарци има своја уникатна хемија. Топлото време не ја спречи младата и амбициозна група на „Архитектон Дизајн“ да ја посети Спомен костурницата во Кавадарци, каде низ бујниот парк доби задача да ги најде сите одговори на прашањата поврзани со регионот.

За оние кои веќе долго време не следат, сигурно се добро запознаени дека нашата цел е да им дадеме поддршка на сите оние „мали“ приказни кои придонесуваат за развој на туризмот во Македонија. Доколку ја отворите нашата база на Гастромонија забележите дека во Кавадарци има толку многу мали семејни винарии кои секоја на свој уникатен начин ја раскажува својата приказна. Со последниот тим-билдинг го посетивме винското катче на Блаже Миневски, човекот за кој нашиот тим ја сподели неговата приказна пред скоро две години.

Блаже е сопственик на винарија „Бади“ која е сместена во градот Кавадарци. Тој умее да ја раскаже приказната за неговото вино, да ја запознае групата со принципите и начинот на другарување со виното и секако да ги почасти гостите со еден куп интересни факти за виното и винаријата.

Нашите патувања не би биле комплетни доколку не им се заблагодариме на „Архитектон Дизајн“ за тоа што одлучија да бидат дел од светот на Кајак.мк, свет во кој секој е слободен, сите информации се на дланка и свет во кој постојано се трага по нови луѓе кои заслужуваат да бидат забележани и поддржани.

Среќни сме што оваа млада компанија преку својот тим-билндиг настан, а воедно и на одбележувањето на роденденот на компанијата донираше нови 200 дрвца за пошумување и му се приклучи на нашето големо еко семејство. 

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар