Тим билдинг во Кавадарци

Strategic Development Consulting- дел од еко светот на Кајак

Strategic Development Consulting- дел од еко светот на Кајак

Strategic Development Consulting- дел од еко светот на Кајак

Тим билдинг во Кавадарци

И посакуваме добредојде на компанијата Strategic Development Consulting во еко- семејството на Кајак.мк.

Помалите групи нам ни значат многу. Особено од аспект на тоа дека со секој поединечно можете да си направите добар пријателски муабет, да размените искуства и да уживате во секој момент кој го носи агендата.

Тимот на Кајак.мк е богат со нови пријатели, нови искусни луѓе и луѓе кои покажаа доста интерес да се нурнат во минатото на археолошкиот локалитет Стоби, но и да слушнат нешто повеќе за вината кои ги произведува и нуди винарија Лазар.

Ние сме за првпат во винаријата Лазар во улога на организатори на едно прекрасно друштвено патување. Претходно сме ја посетувале винаријата приватно, но оваа е наше прво искуство да бидеме присутни со група.

Импресиите на гостите се позитивни. Винарија Лазар гради своја престижна приказна. Соодветен прибор за храна, соодветни чаши за дегустација и конзумација на разни вина и вработени кои се потковани со информации и кои може да ви кажат се за виното и за правилниот начин на парирање со храна.

И посакуваме добредојде на компанијата Strategic Development Consulting во еко- семејството на Кајак.мк. 

Остави Коментар