СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила со базен во село Дрен: Приватност и спокој

Demir Kapija
Цена од:

6,600.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цел објект: 6.600 денари до 6 лица
  • Најниската цена од 4.000 денари е финска и не може да биде пониска од ова цена, цената за наем може да биде повисока во ек на сезона и празници
  • Без разлика дали сместувањето ќе го резервираат и помал број на гости цената е фиксно 4.000 денари
  • Греење/Ладење
  • TV/W-Fi
  • Паркинг
  • Летен сезонски базен

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вила со базен во околината на Демир Капија. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 6
Beds : 6
Check In : 11:00
Check Out : 09:30
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Pool
Clean Air
Pet Friendly

НАПОМЕНА: Вилата не се изнајмува за ергенски и родендени! Вилата е наменета за одмор и уживање!

Вилата се наоѓа во демиркапиското село Дрен, до кое се пристигнува со исклучување кај Демир Капија, поминувајќи низ селото Чифлик и продолжувајќи по асфалтен пат до самото село.

Сместена на 300 метри надморска височина, вилата е опкружена со природа, чист воздух и прекрасни пејзажи. Низ селото поминува реката Дошница, која му дава посебен шарм на овој крај.

Сместувањето располага со:

  • Дневна соба
  • Спална соба
  • Комплетно опремена кујна
  • Купатило

Во дневната соба има:

  • Тросед на развлекување
  • Двосед
  • Фотелја

Во спалната соба има:

  • Брачен кревет
  • Два единечни кревети

Максимален капацитет: 6 лица

Дополнителни погодности:

  • Wi-Fi интернет
  • Приватен паркинг
  • Клима уред за греење и ладење
  • Простор за оставање велосипеди
  • Дозволен влез за домашни миленици

На гостите им е на располагање целиот објект.

Дворот е прекрасно уреден и располага со летен сезонски базен, идеален за уживање во топлите денови.

Сместувањето се наоѓа во мирно и тивко планинско село со прекрасен поглед и чист воздух, совршено за вистински одмор во природа.

Во близина се наоѓаат:

  • Познатите топли вирови – авантура која не се пропушта
  • Селото Чифлик, кое задолжително треба да го посетите
  • Неколку познати винарии, меѓу кои и Royal Winery Queen Maria каде можете да уживате во локално вино и одлична храна

Овој предел е одличен и за љубителите на активен туризам, бидејќи располага со велосипедски патеки низ природа.

Check-in: 11:00 – 12:00 часот
Check-out: до 09:30 часот

Клучот се подига од домаќините.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Filip Stojcevski

    02.01.2026 00:56

  • Ivan krstevski

    26.06.2025 21:49

    Dali e slobodna vilava za ovoj vikend

  • mitko petkov

    25.06.2025 09:14

    здраво да прашам дали мозе да престојуваме 3 фамилии 6 возрасни и 5 мали деца до 10 години во вилата. период 1 до 3 август. и колку парти е изнајмувањето.благодарам

  • Kazimoski Burhan

    15.06.2025 20:16

    Koga e slobodna za 10 dena vi blagodaram