НОВО

Кампинг во Демир Капија, Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената варира во зависност од барањата
  • Личен кампинг простор (една од трите понудени опции)
  • Користење на санитарни јазли
  • Тушеви со топла вода
  • Заедничка кујна
  • Простор за одмор и дружење
  • Бесплатен Wi-Fi
  • Пристап до питка вода

Не е вклучено во цена:

  • Електрична енергија (за кампери и возила)
  • Перење алишта
  • Дополнителни услуги по барање
  • Специјални услови за групи и подолг престој (по договор)

Кампување во Демир Капија со одлични услови за шатори и кампери. Кујна, тушеви, Wi-Fi и мирна природа за активен одмор. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 100
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Изолирано
Несекојдневно
Pet Friendly

Кампување во Демир Капија

Во срцето на винскиот регион на Демир Капија, окружена со лозја, карпи и недопрената природа, се наоѓа простор за кампување – совршено место за сите кои уживаат во кампување, авантура и слобода. Овде гостите сами го избираат своето место, без строги правила, во пријателска и опуштена атмосфера. Без разлика дали патувате со шатори, кампер или сте дел од поголема група, ќе најдете простор за вистински одмор во природа.

Локација
Кампот се наоѓа во Демир Капија, во мирна зона опкружена со лозја. Лесно е достапен од автопатот Е75 и се наоѓа на кратко растојание од маркет и центарот на градот.

Сместување
Кампери и големи возила
Обезбеден е простор за камп приколки, комбиња и motorhomes
Кампување со шатори

Групи и настани
Кампот располага со простор за поголеми групи и организирање на камп огнови. За подолг престој и групи се одобруваат попусти по договор.

Содржини
Кампот нуди заедничка кујна, перална, тушеви со топла вода, тоалети, бесплатен Wi-Fi, електрична енергија и простор за дружење.

Дополнителни информации
Дозволени се миленици.
Плаќањето може да се изврши во евра, денари или со картичка.
Кампот е достапен 24 часа.

Check-in и правила
Кампот работи од март до ноември.
Регистрацијата се врши од 16:00 до 20:00 часот.
Доколку пристигнете подоцна, можете да изберете слободно место и да се регистрирате следниот ден.

Активности во околината
Демир Капија е позната по своите можности за активен туризам, вклучувајќи качување по карпи, планинарење, велосипедизам, кајакарење и вински тури со дегустација.

Зошто да резервирате
Rock Land Camp не е класично сместување, туку искуство кое нуди директен контакт со природата, релаксирана атмосфера и можност за дружење со патници од целиот свет. Идеален е за сите што бараат автентичен и активен одмор.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување